• четврток, 19 декември 2024

Меркел: Светските лидери да им помогнат на најсиромашните земји

Меркел: Светските лидери да им помогнат на најсиромашните земји
Берлин, 20 мај 2020 (МИА) - Светските лидери треба да им помогнат на најсиромашните земји да ја преживеат пандемијата на коронавирусот со продолжување на помошта за развој и преземање на понатамошни чекори покрај веќе договорениот мораториум на долгот, изјави денеска германската канцеларка Ангела Меркел. - За Германија, тоа значи дека нема да ја намалува помошта за развој, туку дополнително ќе вложува во помош во странство и ќе ги реорганизира средствата за подобро да се вклопат во оваа пандемична ситуација, изјави Меркел после видео конференцијата со лидери на меѓународни организации како што се Меѓународниот монетарен фонд, Светската банка и Светска трговска организација. Меркел, заедно со францускиот претседател Емануел Макрон, во понеделникот предложи фонд од 500 милијарди евра за да им се помогне на земјите-членки на ЕУ кои се најтешко погодени од пандемијата на Ковид-19. јт/

Остани поврзан