Меркел ќе се сретне со Шмит и Инцко
- Германската канцеларка Ангела Меркел на 18 август ќе го прими новиот висок претставник во БиХ, Кристијан Шмит и неговиот претходник, Валентин Инцко, објавји денеска бањалучкиот весник Независ
Берлин, 13 август 2021 (МИА) - Германската канцеларка Ангела Меркел на 18 август ќе го прими новиот висок претставник во БиХ, Кристијан Шмит и неговиот претходник, Валентин Инцко, објавји денеска бањалучкиот весник Независне новине.
Весникот наведува дека тема за разговор ќе биде европскиот пат на БиХ и претстојните реформи со цел да се исполнат 14 клучни препораки на Европската комисија.
На новинарско прашање дали состанокот во кабинетот на канцеларката е организиран поради блокадите и одбивањето на службениците на Република Српска да соработуваат со Шмит, одговорот беше „дека тоа е состанок што е планиран претходно “.
Претставниците на РС одбиваат да се сретнат со новиот висок претставник Шмит, поради одлуката на неговиот претходник Инцко да воведе измени во Кривичниот законик на БиХ, со кои се забранува негирање геноцид.
Властите на РС тврдат дека новиот висок претставник „не е легален и легитимен“, бидејќи неговото назначување не е потврдено од Советот за безбедност на Обединети нации. ми/