• четврток, 21 ноември 2024

Меркел ревакцинирана со Модерна

Меркел ревакцинирана со Модерна
Берлин, 22 јуни 2021 (МИА) - Германската канцеларка Ангела Меркел прими втора доза вакцина против Ковид-19 на компанијата Модерна. Меркел (66) на 16 април ја прими првата доза на компанијата Астра Зенека, чија употреба беше прекината во Германија по појавата на тромбози кај вакцинираните лица во Европа. Во Германија со Астра Зенека се вакцинираат лицата постари од 60 години, меѓу кои и претседателот Франк-Валтер Штајмајер. Според податоците објавени денеска од институтот Роберт Кох 51,2 проценти од германското население или 42,5 милиони луѓе примиле барем една доза вакцина, а 26,3 милиони или 31,6 отсто биле целосно вакцинирани. ми/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан