• петок, 22 ноември 2024

Меркел: Зголемувањето на бројот на новозаразени треба да не загрижи сите

Меркел: Зголемувањето на бројот на новозаразени треба да не загрижи сите
Берлин, 30 октомври 2021 (МИА) - Германската канцеларка во заминување Ангела Меркел рече дека е „многу загрижена“ за зголемувањето на бројот на новозаразени со коронавирус и хоспитализирањата и ги повика луѓето да не бидат невнимателни во пандемија. „Тоа треба да не загрижи сите. Но, фактот што, на пример, два или три милиони Германци над 60 години сè уште не се вакцинирани, ме растажува, бидејќи тоа би било промена за нив лично, но и за целото општество“, изјави Меркел за германскиот весник „Франкфуртер алгемајне сонтагсцајтунг“. Германија не ја направи вакцината задолжителна за ниту една група, став што Меркел сè уште го дели. Во однос на ограничувањата наметнати од Германија за време на пандемијата, Меркел рече дека „должност на државата е да го заштити здравјето на што е можно повеќе луѓе и да спречи пренатрупаност на болниците“. „Се разбира, има многу простор да се разговара за оваа или онаа мерка“, додаде Меркел. Германија во петокот имаше речиси 24.000 нови случаи на инфекција, а починаа 114 луѓе. Во земјата вакцинирани се околу 67,2 отсто од населението. паг/    
 

Остани поврзан