Ментално најсилните луѓе живеат во Венецуела
- Најниски просечни резултати за менталното здравје имаат земјите од англиско говорно подрачје. Од најлошо пријавени резултати за ментално здравје, листата ги вклучува: Јужна Африка, Обединетот
Лос Анџелес, 17 март 2022 (МИА) - Најголемото истражување за глобалното ментално здравје досега, со резултати објавени оваа недела од „Сапиен лабс“ (Sapien Labs) - непрофитна истражувачка организација што го почна проектот „Милион за менталното здравје“ (Mental Health Million), ја следи менталната благосостојба на светско ниво.
Така, највисок просечен коефициент на ментално здравје (MHQ или КМЗ), од 91, имаат жителите на Венецуела.
Проектот е отпочнат во осум земји од англиското говорно подрачје во 2019 година, но се прошири на над 223.000 луѓе во 34 земји. Вториот годишен извештај за менталната состојба сега нуди преглед на благосостојбата ширум светот во 2021 година, врз основа на одговорите на 15-минутната анонимна анкета достапна на интернет на англиски, шпански, француски и арапски јазик.
Најниски просечни резултати за менталното здравје имаат земјите од англиско говорно подрачје. Од најлошо пријавени резултати за ментално здравје, списокот ги нааведува: Јужна Африка (со најнизок КМЗ - 46), натаму - Обединетото Кралство, Австралија, Ирска, Индија, Нов Зеланд, Канада и САД.
Спротивно на тоа, повеќето од највисоките државни просечни резултати за менталното здравје доаѓаат од Латинска Америка, Шпанија и неколку земји од француското говорно подрачје во Европа и Африка. Се покажа и дека националните економски показатели за просперитет, како што е високиот БДП по глава на жител, се обратнопрпорционални во сооднос со пониските просечни резултати за менталното здравје за анкетираните популации, на „големо изненадување“ на истражувачите.
„Ова е спротивно на општото уверување дека националниот економски просперитет значи поголема социјална благосостојба и би се очекувало овие корелации да бидат позитивни наместо значително негативни“, се вели во извештајот.
Авторите разговараа и за тоа како културните вредности се разликуваат меѓу земјите. Популациите кои изјавиле дека им дале приоритет на работните перформанси и индивидуализмот, имаат тенденција да имаат пониски оценки во однос на коефициентот на ментално здравје.
Во сите земји, високото образование и вработувањето се поврзани со повисоки позитивни резултати за менталното здравје. Врската со вработувањето е најсилна во западните земји од англиското говорно подрачје. си/