• недела, 22 декември 2024

Мендух Тачи: Ќе работиме на пропорциионална распределба на буџетот и за консензуална демократија

Мендух Тачи: Ќе работиме на пропорциионална распределба на буџетот и за консензуална демократија

Тетово, 24 јуни 2020 (МИА) - Демократската партија на Албанците вечерва во Тетово ја одржа првата предизборна средба со членови, граѓани и симпатизери. Лидерот Мендух Тачи посочи дека главниот фокус на неговата партија по овие избори ќе бидат пропорционалната распределба на буџетот и консензуалната демократија.

-Овие избори се многу важни во борбата за нашата слобода, но без пушка, туку со глас. Затоа земете го вашето семејство, носете маска, и едно пенкало од дома, отворете го гласачкото ливче и таму прв е Мендух Тачи, заокружете го. Ветувам дека кога ќе дојдеме на власт ќе се работи 24 часа првите 30 денови. Но, прво треба ден и ноќ да се избориме за тоа. За албанските семејства во социјален ризик, во првите 30 денови од мандатот социјална помош за секое албанско семејство кое има потреба по шест илјади денари по член на семејство, ама не како сега шест илјади документи да пополнат. Директно на рака, посочи Тачи.

Тој ги прозва политичките противници и кандидатот за премиер.

-Што се однесува на Али Ахмети и капачето што се врти на тенџерето Насер Зибери, ја навредуваат нашата интелигенција, таква измама никој не прифаќа. Политиката се менува, животот се менува, но, Али Ахмети не сфаќа, рече тој.

Според Тачи поради кризата со Ковид-19 по изборите ќе се даде голема помош за граѓаните.

-Секој ќе биде обешетен, од келнери во кафетерии, таксисти, до сите граѓани. Исто така, гледаме болницата во Тетово на кое ниво е, но ние ќе ја издигнеме на ниво на универзитетска клиника со голема помош од државниот буџет, тоа е потребно зошто ситуацијата со Ковид-19 нема да стивне одма, рече Мендух Тачи.

Пред присутните зборуваа и останатите носители на листи. „Доаѓа лето низ врата“ е мотото со кое ДПА ќе настапи на парламентарните избори. ас/сст/

Остани поврзан