• петок, 17 мај 2024

Мендеш му понуди на Реал да го ангажира Леао

Мендеш му понуди на Реал да го ангажира Леао

Мадрид, 6 март 2023 (МИА) - Агентот Жорге Мендеш, кој ги застапува интересите на фудбалерот од средниот ред на Милан, Рафаел Леао, му ги понудил услугите на својот клиент на Реал Мадрид.

 

Состанокот помеѓу португалскиот агент и претставниците на Реал Мадрид се случил пред околу еден месец, објави „Газета дело спорт“.

 

Сепак, веројатноста за трансфер не е многу голема, бидејќи „кралевите“ на истата позиција го имаат Винисиус Жуниор.

 

Оваа сезона Рафаел Леао има 23 натпревари во италијанската Серија А, на кои постигна осум гола и седум асистенции. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан