• понеделник, 23 декември 2024

Менаџер го уценувал Левандовски за 20 милиони евра

Менаџер го уценувал Левандовски за 20 милиони евра
Варшава, 27 октомври 2020 (МИА) - Полската полиција денес го уапси поранешниот менаџер на фудбалерот Роберт Левандовски, по обвинувањата дека го уценувал напаѓачот на Баерн Минхен. Обвинителството во Варшава објави дека на Цезар Кучарски му е одреден притвор во рамките на истрагата, откако Левандовски пријавил дека неговиот поранешен менаџер му се заканувал. Полицијата изврши претрес во куќата и канцелариите на Кучарски. Полските медиуми минатиот месец објавија дека Кучарски од Левандовски побарал 20 милиони евра за нивната деловна соработка во минатото. Левандовски негираше дека му должи пари. Кучарски беше менаџер на Левандовски 10 години, до 2018 година.

Остани поврзан