• четврток, 04 декември 2025

Меморандум за соработка во интерес на ефикасна правда

Меморандум за соработка во интерес на ефикасна правда

Скопје, 3 октомври 2025 (МИА) - Министерството за правда, Комората на извршители и Фондот за пензиско и инвалидско осигурување потпишаа Меморандум со кој се воспоставува брза и директна размена на податоци за должниците кои се корисници на пензија.

Целта, како што соопштија од Министерството за правда, е да се обезбеди побрза и поефикасна размена на податоци за лицата-должници, корисници на пензија, со што ќе се овозможи поголема правна сигурност за граѓаните, заштита на личните податоци и почитување на етичките стандарди, грижа за најранливите категории (пензионери со минимална пензија), јасни и транспарентни процедури, како и поефикасно спроведување на извршувањата.

Со Меморандумот се зајакнува институционалната соработка, се намалуваат административните пречки и се гарантира фер и законито постапување.

Од Министерството за правда велат дека ќе продолжат да го градат правосудниот систем врз доверба, отчетност и транспарентност. дма/вј/

Фото: Министерство за правда

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан