• петок, 05 декември 2025

Мелони ја поздрави одлуката на САД да се вклучат на средбата на „Коалицијата на подготвени“

Мелони ја поздрави одлуката на САД да се вклучат на средбата на „Коалицијата на подготвени“

Рим, 10 јули 2025 (МИА) - Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска ја поздрави одлуката на Соединетите Американски Држави да учествуваат на следниот состанок на „коалицијата на подготвените“ за Украина, на кој ќе учествуваат, меѓу другите, и Обединетото Кралство, Франција и Германија.

-Многу ми е драго што за прв пат и САД ќе учествуваат на состанокот на подготвените со специјалниот претставник на претседателот Трамп за Украина, генералот Кит Келог, изјави таа за новинарите заедно со украинскиот претседател Володимир Зеленски по билатералната средба на маргините на Конференцијата за закрепнување на Украина во Рим.

Таа оцени дека ова претставува „јасен сигнал и јасен пример за единство“ кога станува збор за безбедноста на Украина и постигнувањето прекин на огнот во таа земја. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан