Мелони и Санчез в понеделник ќе отпатуваат во Египет
- Италијанската премиерка Џорџа Мелони и шпанскиот премиер Педро Санчез в понеделник ќе отпатуваат во Египет за да присуствуваат на меѓународен самит за Газа, потврдија денеска нивните влади.
Рим, 11 октомври 2025 (МИА) – Италијанската премиерка Џорџа Мелони и шпанскиот премиер Педро Санчез в понеделник ќе отпатуваат во Египет за да присуствуваат на меѓународен самит за Газа, потврдија денеска нивните влади.
Американскиот претседател Доналд Трамп претходно изјави дека планира в понеделник во Каиро да се сретне со бројни лидери за да разговараат за иднината на Газа.
На меѓународниот самит за Газа се очекува да присуствуваат претставници од повеќе земји, вклучувајќи ги Велика Британија, Германија, Франција и Катар. јт/
Фото: МИА архива