• недела, 22 декември 2024

Мексико: Сиромашните граѓани се приоритетни за вакцинација

Мексико: Сиромашните граѓани се приоритетни за вакцинација
Мексико Сити, 26 февруари 2021 (МИА) – Откако медицинските работници и старите лица беа вакцинирани, Мексико почна да ги вакцинира најсиромашните граѓани, иако здравствените експерти не се согласуваат. Жителите на еден мал град во центарот на Мексико, Сан Педро ел Алта, биле изненадени кога во нивното место пристигнал камион со вакцини, и мислеле дека се работи за шега, објави „Вашингтон пост“. Администрацијата на мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор, кој почна кампања наречена „Прво сиромашните“, им даде приоритет на граѓаните кои се финансиски најзагрозени, наведувајќи дека вакцината е начин на кој државата им се оддолжува поради тоа што ги маргинализира со години. Мексиканските власти претходно соопштија дека во кампањата за имунизација од декември до сега се искористени две милиони дози вакцини за заштита на старите лица и вработените во здравствената заштита и дека 526.400 здравствени работници ги примиле двете дози на вакцината на Фајзер. јт/

Остани поврзан