• недела, 22 декември 2024

„Мекдоналдс“ критикуван за смалување на хамбургерите

„Мекдоналдс“ критикуван за смалување на хамбургерите
Мелбурн, 19 август 2022 (МИА) - Светски познатиот синџир за брза храна „Мекдоналдс“ стана цел на критики на интернет откако некои купувачи од Австралија забележале дека големината на сендвичите значително се намалила. Откако почнаа масовните поскапувања, многу брендови за храна решија „тајно“ да ја зголемат цената, а да го намалат количеството и големината на своите производи, со што продаваат помалку за повеќе пари. Дебатата за „Мекдоналдс“ почна кога Австралиец спореди еден „Филе-о-фиш“, „Мекчикен“ и обичен хамбургер. Потоа се јавуваа и други купувачи кои се согласија дека понудените хамбургери сега се „значително помали“. Од раководстовото на „Мекдоналдс“ се огласија и изјавија дека нема промени во големината на прехранбените производи. „Ние сме посветени на нашите купувачи да им обезбедиме хамбургери со одличен квалитет и одлична вредност, кои содржат 100 отсто пилешко одобрено од РСПЦА и 100 отсто австралиско говедско месо“, се вели во соопштението. Ова не е првпат познатиот синџир за храна да биде обвинет за намалување на големината на своите хамбургери низ годините. Во 2020 година, незадоволен клиент фотографирал чизбургер за којшто рече дека е едвај поголем од неговиот палец... „Мекдоналдс“ тогаш призна дека ги променил своите лепчиња за чизбургери како дел новитетите и новите вложувања.  си/

Остани поврзан