Мекдоналдс ги продава рестораните во Русија поради војната во Украина
- Компанијата појасни дека ова значи поседување бизнис во Русија „веќе не е издржано“ или во согласност со нејзините вредности

Чикаго, 16 мај 2022 (МИА) - Мекдоналдс соопшти дека ја напушта Русија и започна процес на продажба на своите ресторани во земјата, јави Би-Би-Си.
Гигантот за брза храна се одлучи на ваков чекор поради „хуманитарната криза“ и „непредвидлива работна средина“ предизвикани од војната во Украина.
Компанијата појасни дека ова значи поседување бизнис во Русија „веќе не е издржано“ или во согласност со нејзините вредности.
Во март, Мекдоналдс информираше за привремено затворање на своите околу 850 ресторани во земјата. бд/зш/