• петок, 22 ноември 2024

Медојевиќ: Нема да има реконструкција на Владата на Црна Гора

Медојевиќ: Нема да има реконструкција на Владата на Црна Гора
Подгорица, 13 октомври 2021 (МИА) - Претседателот на Движењето за промени, Небојша Медојевиќ оцени дека нема да има реконструкција на Владата на Црна Гора и дека сегашната ситуација може да се реши само преку избори. Тој на прес - конференција рече дека премиерот Здравко Кривокапиќ и актуелната влада не можат да одговорат на предизвиците. - Како дел од компромисот, ние се согласивме на реконструкција во согласност со изборните резултати, но гледате дека тројца пратеници сакаат да владеат со Црна Гора и тие тоа го попречуваат, рече Медојевиќ, пренесува РТЦГ. Тој изјави дека верува дека УРА тајно преговара со Демократската партија на социјалистите (ДПС). - Мислам дека тие купуваат време и дека ќе излезат на избори со здраво јадро на ДПС или ќе побараат од малцинските партии да формираат нова влада, малцинска, која би се состоела од Социјалдемократите, Социјалдемократската партија и ДПС, рече Медојевиќ. Според него, моменталната ситуација единствено може да се реши со избори. паг/  

Остани поврзан