• недела, 22 декември 2024

Медицински центар од Бугарија започна со вакцинација на граѓани на Северна Македонија

Медицински центар од Бугарија започна со вакцинација на граѓани на Северна Македонија
Софија, 17 мај 2021 (МИА) - Медицинскиот центар „Комак Медикал“ на д-р Милен Врабевски со помош на повеќе бугарски министерства и Царинската агенција, започна со вакцинирање против Ковид-19 на граѓани од Северна Македонија на граничните пунктови Станке Лисичково - Делчево и Златарево -  Ново Село на бугарско-македонската граница, јави дописникот на МИА во Софија. Оние кои сакаат да се вакцинираат ќе можат да го сторат тоа само по претходна резервација на телефон: +359 886 800 264 (Viber) и +359 882 516 981 (Viber). Откако ќе изјават желба за вакцинирање на овие телефони, тим на „Комак Медикал“ ќе контактира со луѓето за конкретен датуми и време за вакцинирање. Кампањата започна по одобрение добиено од поранешната бугарска влада на Бојко Борисов. Како што изјави Врабевски за МИА, граѓаните на Северна Македонија нема да имаат потреба од ПЦР тест, бидејќи вакцинацијата ќе се врши во пограничната област на двете земји. Тој минатата среда најави дека отвора зелени коридори за вакцинација, а на пунктовите ќе се користат сите вакцини одобрени од ЕУ. Врабевски е еден од најуспешните иноватори, претприемачи и лидери на јавното мислење во Бугарија. Сопственик е и извршен директор на најголемата истражувачка организација во Југоисточна Европа, „Комак Медикал“. Член е на глобалната иницијатива на Бил Клинтон и добитник на престижната награда „Европски граѓанин на годината“ за извонреден придонес во ширењето и промовирањето на европските вредности и мултикултурниот дијалог преку иницијативи за интеграција, социјализација и европски перспектива на младите во Бугарија, Западен Балкан и Источното партнерство. нк/вг/  

Остани поврзан