• петок, 22 ноември 2024

Медиуми: Тотенхем не го продава Кејн

Медиуми: Тотенхем не го продава Кејн
Лондон, 10 мај 2021 (МИА) – Англискиот прволигаш Тотенхем нема намера да му дозволи на својот напаѓач Хари Кејн да го напушти клубот на крајот од сезоната, јавуваат британските медиуми. Според весникот „Ивнинг стандард“, раководството на Тотенхем нема да разгледува ниту една понуда за Кејн без разлика колку пари заинтересираните екипи би понудиле за неговите услуги. Вредноста на англискиот репрезентативец на фудбалскиот пазар се проценува на 120 милиони евра, а за 27-годишниот Кејн има голем интерес, пред сè од Манчестер јунајтед. Претходно медиумите објавија дека Кејн ќе побара од Тотенхем дозвола да го напушти клубот во летниот преоден рок доколку премиерлигашот од северен Лондон не избори пласман во Лигата на шампиони следната сезона. ег/

Остани поврзан