• петок, 22 ноември 2024

Медиуми: Милан и Жиру договорија двегодишна соработка

Медиуми: Милан и Жиру договорија двегодишна соработка
Рим, 13 јули 2021 (МИА) – Напаѓачот на француската фудбалска репрезентација Оливие Жиру е пред трансфер од Челзи во Милан, јавија денеска италијанските медиуми. - Работата е завршена. Жиру во четврток треба да пристигне во Италија за да ги мине медицинските прегледи и да потпише договор на две години, јави специјализираниот телевизиски канал „Скај Спорт“. Весникот „Газета дело Спорт“ објави дека францускиот напаѓач ќе добие нето-плата во износ од три милиони евра по сезона, а Милан на лондонскиот премиерлигаш Челзи ќе му плати отштета од еден милион евра. Жиру има 110 настапи и 46 голови во репрезентацијата, но 34-годишниот напаѓач имаше споредна улога во францускиот дрес на ЕУРО2020. Италијанскиот прволигаш Милан ќе биде третиот клуб на Жиру надвор од Франција, по Арсенал и Челзи. ег/паг/

Остани поврзан