• четврток, 21 ноември 2024

МВР со детали за тешката сообраќајка кај Росоман во која загинаа две лица, а тројца беа тешко повредени

МВР со детали за тешката сообраќајка кај Росоман во која загинаа две лица, а тројца беа тешко повредени

Росоман, 10 август 2023 (МИА) - МВР излезе со детали за тешката сообраќајка кај Росоман во која загинаа две лица, а тројца беа тешко повредени. Според полицијата, најпрвин се судриле две возила, комбе излетало од коловоз да ги избегне, а четврто возило удрило во комбето.

- Денеска  околу 06.30 часот во Полициската станица Кавадарци било пријавено дека на регионалниот пат Прилеп – Росоман, кај место викано „Камен дол“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу возило „фиат добло“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од К.Ѓ.(55) од Прилеп и патничко возило „фолксваген голф“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Љ.С.(61) од Свети Николе, соопштија од МВР. 

Оттаму, појаснија дека подоцна на истото место, патничко возило „даеву матиз“ со штипски регистарски ознаки, управувано од С.С.(55) од Свети Николе, удрило во комбе „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.И.(52) од Скопје, кое претходно излегло од коловозот за да ги избегне двете возилата кои учествувале во несреќата. 

- Од здобиените повреди на местото на несреќата починале возачот К.Ѓ. и сопатничката во возилото „голф“, С.С.(55) од Свети Николе, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Кавадарци. Додека, со тешки телесни повреди се здобиле возачите Љ.С. и С.С., како и сопатничка во возилото „матиз“, О.С.(54) од Свети Николе, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, информираа од МВР. 

Увид на местото на несреќата извршиле јавен обвинител и екипа од Полициската станица Кавадарци.

Патот се уште не е пуштен за движење, па возилата наместо преку Росоман, минуваат преку Кавадарци. свд/ир

 

Фото : МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан