• понеделник, 23 декември 2024

МВР: Серија претреси во повеќе градови, пронајдена дрога, приведени дилери

МВР: Серија претреси во повеќе градови, пронајдена дрога, приведени дилери

Скопје, 16 ноември 2023 (МИА) - Полициски службеници, вчера и денеска, во посебни акции извршија претреси низ неколку градови од државата, при што се приведени 16 лица и пронајдени се кокаин, амфетамин, марихуана, други видови дрога, пиштол, пари и други предмети.

Како што известуваат од Министерството за внатрешни работи, акции се извршени во Скопје, Велес, Гостивар, Охрид и други градови, при што во два претреси во главниот град пронајдени се над два килограми амфетамин, околу половина килограм марихуана, дигитална вага, пари и пиштол, како и три кеси со марихуана со вкупна тежина од околу еден ипол килограм.

При претрес денеска во домот на лицето Г.Ц.(31) од Скопје, тој и лицето А.Н.(19) се лишени од слобода поради прнаоѓање на над два килограми амфетамин, околу половина килограм марихуана, дигитална вага, пари и пиштол.

По претходно добиена судска наредба, денеска полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје извршија претрес во домот на  Б.А.(25) од Скопје при што пронајдоа три кеси со марихуана со вкупна тежина од околу еден ипол килограм. По целосно документирање на двата настани, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

Покрај главниот град, денеска во Велес полициски службеници од Одделението за недозволена трговија при СВР Велес го лишиле од слобода Д.Б.(37) од Велес, бидејќи при  претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени кафеава прашкаста материја, дигитална вага и пари во различни апоени. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Во Гостивар, вчеравечер, полициски службеници на СВР Тетово - Одделение за внатрешни работи во Гостивар, при претрес во неговиот дом,  ги лишиле од слобода 23 - годишниот гостиварец С.Т. и 19 - годишната Ј.В. од Република Србија, поради пронаоѓање на  марихуана и кокаин. Двајцата се задржани во Полициската станица Гостивар за целосно расчистување и документирање на случајот, по што против нив ќе следуваат поднесоци.

Полициски службеници од СВР Охрид, вчера го лишија од слобода В.Н.(37) од Охрид, откако при претрес на неговиот дом  биле пронајдени и одземени кафеава течност и предмети со остатоци од кафеава течност, но и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Полициски службеници на СВР Тетово, вчера на улица „Радован Цониќ“ во Тетово го лишиле од слобода 24-годишниот Ш.А. од Тетово затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Тој е задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.

На подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, денеска ја лишиле од слобода А.Н.(20) од Скопје затоа што кај неа била пронајдени и одземени бела прашкаста материја и таблети. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Во село Кондово - скопско, денеска, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.Н.(23) од село Кондово, затоа што кај него бил пронајден и одземен канабис. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Во подрачјето на Кисела Вода, вчера, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.И.(19) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Вчера на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.Ш.(21) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Во Кичево, полициски службеници од Полициската станица Кичево го лишиле од слобода Н.В.(30) од село Црвевци - кичевско, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Штип, вчера, го лишиле од слобода Ј.П.(45) од Штип. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, марихуана, дробилка, две дигитални ваги и пари. Во координација со јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Штип, тој е задржан во Полициската станица Штип и по целосно комплетирање и документирање на случајот со кривична пријава ќе биде предаден на ОЈО Штип. 

Министерството за внатрешни работи и во наредниот период  продолжува со интензивните акции за сузбивање на нелегалната трговија со дрога. сан/дма/

 

Фото: МВР

Остани поврзан