МВР: Пронајдено возило „бмв“, ќе му биде вратено на сопственикот за нецели два часа откако му било одземено
- Попладнево во 18:07 часот Н.К. во СВР Скопје пријавил дека од ул.„Никола Русински“ позади ТЦ Лептокарија, му било одземено патничко возило „бмв“ со штипски регистерски ознаки, кое тој го оста

Скопје, 14 септември 2021 (МИА) - Попладнево во 18:07 часот Н.К. во СВР Скопје пријавил дека од ул.„Никола Русински“ позади ТЦ Лептокарија, му било одземено патничко возило „бмв“ со штипски регистерски ознаки, кое тој го оставил отклучено и во погон.
Како што соопшти МВР, веднаш се преземени соодветни мерки и активности од полициски службеници од ОКР Ѓорче Петров и ОКР Карпош и околу 20 часот возилото е пронајдено во село Лака и ќе биде вратено на сопственикот. Се преземаат и дополнителни мерки и активности за целосно расчистување на случајот. дма/