• недела, 24 ноември 2024

МВР: Приведен криминалец баран со потерница 

МВР: Приведен криминалец баран со потерница 

Скопје, 28 октомври 2023 (МИА) - Полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка - Отсек потраги денеска околу 18 часот на улица „Маршал Тито“ во Штип го лишиле од слобода Ф. Ш. (39) од Зрновци, кој бил баран со потерница по наредба од КПУ Затвор Куманово за доиздржување на затворска казна.

Како што информираат од МВР, Ф.Ш. бил осуден на казна затвор од 2 години и 5 месеци за сторено кривично дело по член 144 став 3 и 378 став 3 од КЗ на РСМ, а за доиздржување имал 1 година, 1 месец и 18 дена. Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено-поправна установа. аа/

Фото: МИА архива

Остани поврзан