• петок, 22 ноември 2024

МВР: Приведен измамник од Романија

МВР: Приведен измамник од Романија
Скопје, 16 септември 2022 (МИА) - Полициски службеници од Полициското одделение Ранковце вчера во 13:30 часот во село Ранковце, го лишиле од слобода Г.И. (23) од Романија, кој се сомничи дека истиот ден измамил 74-годишен маж од Крива Паланка за сума од 700 евра. -Како што е пријавено, тој се претставил дека е претставник на компанија за брендирани производи за домаќинство и се договориле за сумата да му продаде некои производи. Откако Г.И. заминал оштетениот забележал дека производите не се од компанијата, односно не се оригинали, по што настанот го пријавил во полициска станица, соопшти МВР.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. сст/

Остани поврзан