• понеделник, 13 октомври 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

МВР: Од 902 сообраќајни прекршоци вчера, 148 за возење без возачка дозвола

МВР: Од  902 сообраќајни прекршоци вчера, 148 за возење без возачка дозвола

Скопје, 8 јули 2025 (МИА) - Во рамки на сообраќајните контроли на територијата на целата држава  биле издадени вкупно 902 платни налози, од кои дури 148 се однесуваат на возачи кои што учествувале во сообраќајот без возачка дозвола.

Каско што информираат од МВР, истовремено 21 возач управувале под дејство на алкохол и биле исклучени од сообраќај, додека пак 220 возачи на мотоцикли се санкционирани заради неносење на заштитна кацига.

-Инаку, согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата 82 прекршоци се однесуваат на непочитување на пропишаната брзина на движење, 193 за неправилно паркирање, додека пак прекршочно се казнети уште 40 лица кои некористеле сигурносен појас.
Изречени се 33 санкции за користење мобилен телефон при возење, а прекршочни санкции добиле и 15 возачи почетници, пет возачи за престигнување и двајца возачи на електричен тротинет, информираат од МВР.

Исто така согласно Законот за возила, 46 возила биле отстранети од сообраќај заради тоа што биле нерегистрирани, а девет возила заради техничка неисправност. сст/са/

Фото МИА архива

 

Остани поврзан