Лажни денешните пријави за бомби во 30 училишта во Скопје
- По сите направени проверки во врска со денешните пријави за наводно поставена експлозивна направа во 30 училишта во Скопје е утврдено дека станува збор за лажни дојави, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Скопје, 2 март 2023 (МИА) - По сите направени проверки во врска со денешните пријави за наводно поставена експлозивна направа во 30 училишта во Скопје, утврдено е дека станува збор за лажни дојави, соопшти Министерството за внатрешни работи.
- Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени соодветни мерки и активности, извршени се потребните проверки од антитерористички тимови и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, информираат од МВР. дма/сп/
Фото:МИА архива