• петок, 05 декември 2025

МВР: Контрола во угостителски објекти во Тетовско, приведени 30 странски државјанки поради злоупотреба на туристичкиот престој

МВР: Контрола во угостителски објекти во Тетовско, приведени 30 странски државјанки поради злоупотреба на туристичкиот престој

Скопје, 10 август 2025 (МИА) - Во акциска контрола во угостителски објекти во Тетово и Тетовско, полицијата синоќа привела 30 странски државјанки од Русија, Бразил, Србија, Албанија, Аргентина и Колумбија, поради злоупотреба на туристичкиот престој, информираат од МВР. 

Полициски службеници од СВР Тетово, во соработка со Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе Скопје, на 9/10 август 2025 во периодот од 23:30 до 2:30 часот, спровеле акциска контрола во угостителски објект во тетовското село Желино, сопственост на Ј.Ф.(48) од Желино и во угостителски објект во Тетово, во кој како управител се пријавил И.А. (22) од Тетово.

-При контрола во објектите биле затекнати 30 женски лица од Русија, Бразил, Србија, Албанија, Аргентина и Колумбија затоа што било констатирано дека го злоупотребиле туристичкиот престој, односно престојувале спротивно на целта, информираат од МВР.

Тие биле задржани во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, против странските државјанки, сопственикот и одговорното лице ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. аа/хс/ 

Фото: МИА архива

 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан