• недела, 22 декември 2024

МВР ги демантира тврдењата на Мицкоски дека полицијата не била присутна при инцидентот кај споменикот „Скендербег“

МВР ги демантира тврдењата на Мицкоски дека полицијата не била присутна при инцидентот кај споменикот „Скендербег“
Скопје, 6 јули 2022 (МИА) - Министерството за внатрешни работи (МВР) целосно ги демантира тврдењата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, дека полицијата не била присутна и не реагирала при инцидентот кај споменикот „Скендербег“. Напротив, како што посочуваат од МВР, полицијата беше на лице место, во истиот момент реагираше и го спречи насилството, а едно лице веднаш беше приведено кое е осомничено за пукање од огнено оружје. - За време на протестите полицијата е целосно на ниво на задачата и апелираме партиите да престанат да со дезинформации, наведуваат од МВР. Во видеото, додаваат, точно се гледа колку брзо повеќе од десет припадници на полицијата реагираат и спречуваат поголем инцидент. мс/сп/ https://www.youtube.com/watch?v=hHnpAux_gO8

Тагови

Остани поврзан