• недела, 22 декември 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 21 февруари 2024 (МИА) - Денеска (21.02.2024) во 04.20 часот на подрачјето на Карпош во Скопје полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Ч.(21) од Скопје поради тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.                                     
Денеска (21.02.2024) во 05.35 часот на подрачјето на Карпош во Скопје полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.С.(33) од Скопје поради тоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.                       

На 20.02.2024 во 19.15 часот полициски службеници од ОВР Ресен, на ул.„Јосиф Јосифовски” во Ресен ги лишиле од слобода Ш.Т.(43) и И.М.(34), двајцата од Струга, затоа што при преглед на патничко моторно возило марка „ауди“ со струшки регистарски ознаки, управувано од И.М. и сопатник Ш.Т., кај сопатникот била пронајдена кеса со марихуана. По документирање на настанот ќе следува соодветна пријава. 

На 21.02.2024 година во 01.45 часот полициски службеници од Полициската станица Штип ги привеле Ф.Л.(27) и В.Ш.(27), двајцата од с. Чардаклија, штипско, затоа што кај В.Ш. била пронајдена прашкаста материја. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. 

На 20.02.2024 во СВР Битола е пријавено дека во 21.15 часот на магистралниот пат А-3 Ресен - Буково кај место викано леворечки мост се случила сообраќајна несреќа во која патничко моторно возило „хонда” со охридски регистарски ознаки, управувано од Д.Н.(38) од Охрид, излетало од коловозот, при што Д.Н. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Увид извршила увидна екипа на ОВР Ресен.   
                                          
На 20.02.2024 во 18.00 часот на Граничниот премин Табановце, полициски службеници го привеле Т.Ј.(30) од Р.Албанија поради тоа што при извршена пасошка контрола било констатирано дека во неговата патна исправа недостигаат страници. Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка. 
            
Денеска (21.02.2024) во 01.30 часот на Граничниот премин Долно Блаце, полициски службеници го привеле У.Г.(33) од Косово поради тоа што при извршена пасошка контрола било констатирано дека истиот приложил оштетена лична карта на која се вршени преправки. Тој бил предаден на полициски службеници од отсекот за прекуграничен криминал и миграции Скопје за понатамошна постапка. 

На 20.02.2024 во 23.30 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода Г.М.Е.(51) од Р.Турција поради тоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека меѓународната зелена карта за осигурување на товарно возило била фалсификувана. Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка. 

На 20.02.2024 во 11.40 часот во Полициската станица Аеродром К.Д.(34) од Скопје, пријавила дека на ул.„Владимир Комаров“ била касната од куче скитник. 

На 20.02.2024 во 18.30 часот во Полициската станица Карпош П.В.(53) од Скопје пријавил дека на ул.„Скупи“ бил каснат од куче скитник. 

На 20.02.2024 во 14.00 часот во Полициската станица Гази Баба Н.П.(62) од Скопје пријавила дека на ул.„Финска“ била касната од куче скитник.

Остани поврзан