Скопје, 11 октомври 2024 (МИА) – Вчера во 06.55 часот во водите на Охридското Езеро, спроти туристичката населба Свети Стефан, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Охридско Езеро го лишиле од слобода И.Ц.(63) од Република Албанија поради сомнение за сторено кривично дело „незаконит риболов“ и прекршок „илегално преминување на државна граница“. Со него бил извршен службен разговор, по што бил предаден во Основен суд Охрид за понатамошна постапка, а уловот бил предаден во Казнено – поправната установа Затвор - Охрид. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 10.10.2024 во 13.00 часот на Граничен премин Богородица, полициски службеници ја лишиле од слобода Р.М.В.(39) од Република Србија затоа што при гранична контрола и проверка било констатирано дека на увид приложила фалсификувана возачка дозвола. Лицето било спроведено во Основен суд Гевгелија, каде што ѝ била изречена условна казна затвор од една година, доколку во рок од две години не го повтои делото и казна протерување на странец од Република Северна Македонија во рок од две години.
Денеска (11.10.2024) во 01.30 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.А.(29) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (11.10.2024) во 01.20 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.М.(29) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Денеска (11.10.2024) во 00.10 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Г.(26) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 10.10.2024 во 23.30 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.Р.(32) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 11.10.2024 во 02.50 часот на булевар „Браќа Ѓиновски" во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го привеле М.Р. (25) од Кичево, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна во траење од девет месеци за сторено кривично дело „телесна повреда" по член 131 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа за Затвор Битола за издржување на казната.
На 10.10.2024, полисиски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес ги лишиле од слобода Д.Б.(46) и С.З.(42), двајцата од Велес, затоа што биле затекнати при купопродажба на зелена растителна материја. Д.Б. и С.З. биле приведени во полициска станица, а растителната материја била одземена. Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
На 10.10.2024 во 17.45 часот на улица „18 Ноември" во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го привеле М.Н.(43) од Гостивар, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна. Тој бил предаден во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.
На 10.10.2024 во 23.15 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.В.(32) од Свети Николе затоа што кај него биле пронајдени и одземени прашкаста материја и нож. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 10.10.2024 во 23.00 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Т.(21) од Република Грција затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 10.10.2024 во 22.15 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ја лишиле од слобода И.С.(34) од Скопје затоа што кај неа била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 10.10.2024 во 21.30 часот во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода З.М.(38) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 10.10.2024 на ул.„Леринска" во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода М.М.(40) од Битола затоа што кај него била пронајдена прашкаста материја. М.М.е приведен во полициска станица и по документирање на настанот против него ќе следува соодветна пријава.
На 11.10.2024 во 02.25 часот, полициски службеници од СВР Штип ги привеле Н.Ш.(21), Е.Р.(18), Д.Г.(31), А.Б.(33), Д.Т.(21) и Н.Т.(21), сите од Штип. Тие биле затекнати на ул.„Кежовица“ во Штип со патничко возило „фолксваген пасат“ со штипски регистарски ознаки, при што едно од лицата фрлило ќесе со марихуана, која била пронајдена и одземена. После тоа, при преглед во возилото, исто така, била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 11.10.24 во 00.05 часот на улица „Илинденска" во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ја лишиле од слобода Л.Е.(24) од Скопје затоа што кај неа била пронајдена и одземена марихуана. Таа била задржана во полициска станица и по документирање на случајот против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок.
На 10.10.2024 во 21.00 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка со остатоци од марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 10.10.2024 во 20.30 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го привеле П.К.(34) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 10.10.2024 во СВР Битола било пријавено дека од ул.„Охридска" во Битола, пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување подигнал стара неексплодирана артилериска граната со калибар 75 мм од Првата светска војна.
На 10.10.2024 во 10.20 часот на Граничен премин Блато, полициски службеници го лишиле од слобода Г.А.(74) од Република Албанија затоа што на увид приложил фалсификувана зелена карта за возилото кое го управувал. Тој бил предаден на Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Дебар за понатамошна постапка.
Денеска (11.10.2024) во 04.45 часот, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода го лишиле Б.К.(37) од Косово затоа што по извршени проверки било констатирано дека бил баран по меѓународна потерница од Интерпол – Австрија.
На 10.10.2024 во 18.30 часот во СВР Струмица било пријавено дека на магистралниот пат Радовиш - Струмица, во с.Владевци, струмичко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу трактор „ИМТ 53“ без регистраски ознаки, управуван од В.С.(61) од село Едрениково, општина Василево и патничко возило „волво‘‘ со радовишки регистарски ознаки, управувано од Н.Р.(65) од село Покрајчево, радовишко. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на тракторот, констатирани во Медицинскиот центар Струмица. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Струмица.
На 10.10.2024 во 11.30 часот во Полициската станица Чаир, Н.П.(28) од Скопје пријавил дека на ул.„Боца Иванова“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
На 10.10.2024 во 12.15 часот во Полициската станица Аеодром, В.П. (20) од Скопје пријавила дека на бул.„Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 10.10.2024 во 13.30 часот во Полициската станица Аеродром, М.Р. (40) од Скопје пријавила дека на бул.„АСНОМ“ во Скопје нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник. ра/
Фото: МИА архива