• четврток, 24 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 6 април 2025 (МИА) - Вчера во 12 часот во Полициската станица - Прилеп, пријавено било дека на улицата „Андон Слабејко“ во градот, патничко возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки управувано од О.Ѓ., на возраст од 75 години, удрило во велосипед управуван од М.Т., на 50-годишна возраст, двајцата од овој град.

Во несреќата, велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската болница - Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР - Прилеп.

Вчера во 9:18 часот во СВР - Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје - Тетово, во близина на клучка Волково, патничко возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Х.И., на возраст од 25 години, излетало од коловозот и се превртело.

Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобиле возачот, констатирани во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“, потоа неговиот сопатник Б.Б. и уште еден малолетен сопатник, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, а со телесни повреди се здобил сопатникот А.И., на возраст од 56 години, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР - Скопје.

Вчера и денеска, на различни локации во Скопје, полициски службеници ги лишиле од слобода В.А.(35), М.Т.(32), И.А.(20), Д.М.(19), Н.Ј.(29) и двајца малолетници, сите од главниот град на државава, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја, таблети и нож.

По целосно расчистување на случајот, ќе следуваат соодветни поднесоци.

Синоќа во 23:20 часот во СВР - Скопје, 24-годишен скопјанец пријавил дека околу 17:50 часот во дворот од семејната куќа на подрачјето на општина Аеродром, неговиот татко И.Т., на возраст од 54 години, со остар предмет упатувал закани кон него и неговиот 26-годишен брат.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера во 10:30 часот во Полициската станица - Гази Баба од Јавна установа за згрижување на деца било пријавено дека од установата се оддалечила нивната штитеничка Ч.Д., на возраст од 13 години, која и претходно се оддалечувала и била враќана.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Вчера во 14 часот во Скопје, на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници го лишиле од слобода Б.Л., 28-годишен скопјанец, по претходна пријава дека околу 12 часот во семејниот дом, физички ја нападнал неговата 50-годишна мајка.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

Вчера околу 13:30 часот во СВР - Скопје било пријавено дека во село Р’жаничино, скопско, по претходно недоразбирање, Б.Б., 64-годишник од скопското село Катланово, бил физички нападнат од М.С., на возраст од 30 години од селото Трубарево, скопско.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Вчера во 8:24 часот во СВР - Скопје било пријавено дека во село Блаце, скопско, настанал пожар во плевна - сопственост на А.Б., 40-годишно лице од селото, при што била опожарена целата плевна, каде имало трактор и разни предмети, алати и друго.

Повредени лица нема. Од Бригадата за противпожарна заштита - Скопје, пожарот бил изгаснат. Излезено било на местото на настанот од полициски службеници од СВР - Скопје.

Синоќа во 21:40 часот во СВР - Скопје, К.Б. пријавил дека на подрачјето на општина Аеродром, бил физички нападнат од три лица, при што му биле одземени новчаник со пари и мобилен телефон.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера во 19:45 часот во СВР - Скопје било пријавено дека на подрачјето на Карпош, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил нарушен јавниот ред и мир.

Полициски службеници излегле на лице место, при што било констатирано дека Е.Ѓ., на возраст од 29 години, агресивно се однесувала, удирајќи по патничко возило „мерцедес“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Ј.Б., на возраст од 39 години и 29-годишниот сопатник Е.Ѓ., сите од Скопје, при што физички ги нападнала. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

Во текот на вчерашниот ден, на ГП - Табановце бил остварен службен контакт помеѓу раководители на ГП - Табановце и ГП - Прешево, поради предавање на дете по полициски пат, при што бил примен македонски државјанин, 17, малолетник од село Калиште, струшко.

Од страна на српски полициски службеници при вршење на пасошка контрола и гранични проверки, кај малолетникот била пронајдена една провидна ПВЦ ќесичка каде се наоѓала непозната тревкаста материја во зелена боја за што постои сомнение дека се работи за опојна дрога - марихуана. Известени се ДОЦ на РЦ Север и СВР - Куманово, како и инспектори по малолетничка деликвенција, семејно насилство и ОНТДО при СВР Куманово. По добиени насоки, а заради постоење сомнение за сторено кривично дело по член 215 од КЗ на РСМ малолетникот со потврда за предавање на лице, бил предаден на инспектори по малолетничка деликвенција и семејно насилство при СВР - Куманово за понатамошна постапка. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Денеска во 1:58 часот во ПО - Галате бил пријавен пожар во куќа во село Дебреше.

Од страна на полициски службеници излезено е на место на настанот, известена била и ТППЕ. Пожарот избувнал на вториот кат од куќата и од страна на ТППЕ - Гостивар е целосно локализиран во 3:10 часот. При гаснењето на пожарот, во една просторија во приземјето, забележано е огнено оружје - пиштол марка „екол дуеле“. Иако во куќата во моментот не живее никој, таа е во сопственост на лицето Б.В. од село Дебреше, кој моментално издржува - мерка притвор во КПУ „Затвор - Скопје“ - Скопје во врска со извршеното КД убиство. Увид ќе се врши во текот на денов.

Денеска во три часот во СВР Куманово било пријавено дека Д.Т., 35-годишен кумановец, физички нападнал полициски службеници кои извршувале службени дејствија и притоа, Д.Т. проголтал опаковка со непозната материја.

Истиот бил пренесен во Општа болница - Куманово и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.

СВР - Скопје поднесе кривична пријава против Д.С., 45-годишен скопјанец, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстаниции и прекурсори“.

На 22.08.2024 во Казнено - поправната установа „Затвор - Скопје“, затворска полиција извршила претрес во бифето на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени кокаин и хероин.

СВР - Скопје поднесе кривична пријава против Д.Б., 53-годишен скопјанец, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовлaстено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

На 20 март на Бит Пазар, на импровизирана тезга, полициски службеници го затекнале пријавениот како врши продажба на различни пиротехнички средства, при што истите биле одземени. бд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан