• петок, 14 февруари 2025

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 14 февруари 2025 (МИА) - На 13.02.2025 во 23.30 часот во с.Топлица, гостиварско, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода М.И.(36) од с.Добридол. При преглед кај него и во возилото „форд фиеста“ со гостиварски регистарски ознаки, во кое се превезувал,  бил пронајден и одземен кокаин. Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во домот каде што живее, при што биле пронајдени и одземени кокаин, дигитална вага со остатоци од кокаин и други предмети со остатоци од кокаин. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.

На 13.02.2025 во 09.00 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода А.Ф.(56) од Штип поради сомнение за сторени кривични дела по член 396 и член 379 од Кривичниот законик. При претрес во негов деловен објект во Штип, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени 148 различни пиротехнички средства, 180 куршуми за ловечко и друго огнено оружје од различен калибар и производство, една ловечка пушка и документација за која постои сомнение дека е фалсификувана. Запознаен бил јавен обвинител, лицето било приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 13.02.2025 во 15.50 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.Т.(36) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 13.02.2025 во 13.10 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода З.П.(45) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 13.02.2025 во 23.20 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Б.И.(29) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 13.02.2025 во 23.25 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода В.О.(20) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против Е.В.(20) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 23.01.2025 во Скопје, полициски службеници извршиле претрес во домот каде што престојувал пријавениот, при што биле пронајдени и одземени автоматска пушка, две рамки и 30 куршуми.

На 13.02.2025 околу 14.30 часот на ул.„Владо Малески“ во Струга, полициски службеници од Полициската станица Струга ги привеле А.Б.(20)  и Х.К.(20), двајцата од Струга, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

На 13.02.2025 во 15.00 часот во СВР Скопје, од Казнено - поправната установа Затвор Скопје било пријавено дека на игралиштето во установата биле пронајдени и одземени марихуана и ризла. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 13.02.2025 во 18.10 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје го привеле А.С.(18) од с.Кондово, скопско, затоа што кај него бил пронајден и одземен нож. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 13.02.2025 во 19.00 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар,  полициски службеници од СВР Скопје го привеле И.В.(19) од Скопје затоа што кај него бил пронајден и одземен нож. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска (14.02.2025) во 05.30 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Ф.К.(23) од Скопје затоа што кај него бил пронајден и одземен нож. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 13.02.2025 во Полициското одделение Македонска Каменица било пријавено дека околу 13.00 часот во с.Моштица, општина Македонска Каменица, движејќи се по некатегоризиран пат, патничко возило „тико“ со регистарски ознаки од Македонска Каменица, управувано од Т.С.(53) од с.Саса, излетало од патот. Притоа, со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатничките Е.С.(49) и Ј.С.(47) од с.Моштица, констатирани во Клиничка болница Штип. За настанот бил запознаен јавен обвинител, а увид извршила екипа од СВР Штип.

На 13.02.2025 во 16.30 часот во ОВР Кавадарци, К.В.(22) од Кавадарци пријавила дека на улица „Владимир Назор“ во Кавадарци била касната од куче.

На 13.02.2025 во 13.40 часот во ОВР Гостивар, Х.Е.(24) од  с.Врапчиште, гостиварско, пријавил дека на улица „Браќа  Ѓиновски“ во Гостивар бил каснат од куче скитник. дма/

Фото: МИА архива

 

 
 

Тагови

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан