• понеделник, 29 јули 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 29 јули 2024 (МИА) - Вчера во 17.10 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.С.(43) од Гостивар. Тој се сомничи дека околу 16.45 часот со закана се обидел да одземе пари од спортска обложувалница на подрачјето на Центар во Скопје. Тој бил приведен во полициска станица и при преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана. Исто така, било констатирано дека Д.С. издржувал казна затвор во Казнено – поправната установа Затвор Идризово – отворено одделение Велес и бил пуштен на викенд отсуство. Лицето било спроведено во установата, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

На 28.07.2024 во с.Железнец, демирхисарско, полициски службеници од ОВР Демир Хисар ги лишиле од слобода О.М.(30) и Е.Ш.(36), двајцата од Прилеп. Тие биле затекнати при извршување на „тешка кражба“ во каменолом во атар на с.Железнец. За настанот бил известен јавен обвинител, а од нив биле одземени предмети поврзани со кривичното дело. Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 28.07.2024 во 21.45 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го привеле Р.И.(23) од Скопје, кој бил баран по потерница, врз основа на судска наредба, за издржување на затворска казна. Тој бил спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Скопје за издржување на казната. 

На 28.07.2024 во 22.15 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.М.(22) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 28.07.2024 во 17.20 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Р.Р.(37) и А.Е.(22), двајцата од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 28.07.2024 во 21.40 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Б.А.(21) од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 28.07.2024 во 12.20 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Полициската станица Гази Баба го лишиле од слобода С.С.(20) од с.Трубарево, скопско, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 28.07.2024 во 20.50 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.С.(26) од с.Арачиново, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 28.07.2024 во 22.05 часот на Граничниот премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода А.М.(34) од Република Србија, затоа што при извршена проверка било констатирано дека бил баран од Интерпол Германија и Интерпол Австрија. Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка. 

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (28.07.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 111 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 42 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл... 

Секторот за внатрешни работи Битола во текот на викендот (26/27/28.07.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на СВР Битола изречени се вкупно 226 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 157 санкции, 16 мерки за возење под дејство на алкохол, 17 мерки за возење без возачка дозвола...

На 28.07.2024 во 15.55 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на ул.„Нов булевар Гевгелија“ во Гевгелија, И.К.(76) од Струмица, управувајќи патничко возило „опел“ со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола и со возилото удрил во паркиран автобус „волво“ со гевгелиски регистарски ознаки. И.К. починал на местото на настанот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Гевгелија. Увид на местото на несреќата извршиле јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Гевгелија и екипа на ОВР Гевгелија. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.

На 28.07.2024 во 10.10 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека во село Добрејци, струмичко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл со струмички регистарски ознаки, управуван од М.М.(49) од село Пиперево, струмичко и велосипед управуван од И.В.(74) од село Добрејци, струмичко. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот И.В., констатирани во Медицински центар Штип, а со телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица. 

На 28.07.2024 во 12.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје– Куманово, патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Б.(49) од Скопје, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобил неговиот малолетен сопатник, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.   

На 28.07.2024 во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„1“ во с.Кондово, скопско, патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.А.(51) од с.Кондово, удрило во малолетничка од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје. 

На 28.07.2024 во 16.10 часот во Полициската станица Виница било пријавено дека на регионалниот пат с.Бигла - Пекланска крстосница, мопед со винички регистарски ознаки, управуван од В.С.(50) од Виница, излетал надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Виница. дма/

Фото: МИА архива

 

 

Тагови

Остани поврзан