• вторник, 27 јануари 2026

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 27 јануари 2026 (МИА) - ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава против Н.И.(32) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 18.04.2025, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени семки од растението канабис, марихуана и дигитална вага со остатоци од амфетамин, кокаин и тетрахидроканабинол.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против 54- годишен маж од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“ и „телесна повреда“. Пријавениот подолг временски период психички ја малтретирал неговата 54-годишна сопруга и ѝ упатувал закани, додека во периодот од 06.01. до 08.01.2026 физички ја нападнал во семејниот дом

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Г.Б. (46) од с.Дебреше, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 25.12.2025 на паркинг простор на Јавното претпријатие „Комуналец“ во Гостивар, пријавениот физички нападнал полициски службеник додека извршувал службени дејствија.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Валандово поднесе кривична пријава против К.Д.(55) од Јосифово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ и против З.М.(51) од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. Второпријавениот З.М. во текот на 2022 година дал полномоштво на друго лице за продажба на неговиот недвижен имот, иако претходно имал изјава дека нема да отуѓува, заложува или друг начин го дава на располагање без писмена согласност на ремитентот (кредит), по што лицето склучило договор за продажба на недвижен имот со неговиот татко, а преку нотар било извршено потврдување или солемнизација на договорот и истиот бил електронски спроведен во Одделението на Катастар на недвижности за запишување на промена. Додека, првопријавената К.Д., како самостоен референт за геодетски работи, извршила промена во катастарот, односно спорната парцела била вратена на претходниот сопственик, односно на второпријавениот З.М..

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против З.Ш.(59) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело  „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. На 27.11.2025 во семејниот дом, пријавениот со остар предмет се обидел да го нападне неговиот 35-годишен син. 

На 26.01.2026 во периодот од 17:30 до 18:00 часот, по наредба на Основен суд Делчево, полициски службеници од ОВР Делчево извршија претрес во домот и помошни простории на В.М.(30) од с.Тодоровци, општина Македонска Каменица. При претресот, во гаража се пронајдени и одземени ловечка пушка „Црвена Застава“ калибар 16GA и седум кутии со вкупно 155 ловечки патрони калибар 16GA. Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 26/27.01.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Ј.П.(39) и Д.П.(44), двајцата од Скопје и 16-годишник од с.Страчинци, скопско, затоа што кај нив се пронајдени и одземени марихуана и таблета. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

На 26.01.2026 во 20:00 часот во СВР Скопје, 49- годишен маж пријави дека околу 02:00 часот едно лице со тврд предмет ја оштетило влезната врата од неговиот угостителски објект во с.Грчец, скопско. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 27.01.2026 во 02:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на паркинг простор на ул.„Христо Татарчев“ во Скопје било опожарено патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Г.Ч.(20) од Скопје. Повредени лица нема, а екипа од Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

На 27.01.2026 во 03:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на паркинг простор на ул.„Лазар Димитров“ во Скопје било опожарено патничко возило „ауди а4“ со скопски регистарски ознаки,  сопственост на 61-годишната Р.Л.Г. од Скопје. Повредени лица нема, а екипа од Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

На 26.01.2026 во 13:40 часот на кеј „Димитар Влахов“ во Скопје, полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар го лишија од слобода K.К.(30) од Турција.  Тој се сомничи дека измамил друг турски државјанин за сума од 6.650 евра. Според пријавеното, во октомври 2025 година преку социјална мрежа стапил во контакт со лицето и му ветил дека ќе му посредува за добивање документи за работа и престој во државата, по што во неколку наврати преку трансакциска сметка му биле исплатени паричните средства. Откако К.К. престанал да му се јавува, оштетениот пријавил во полициска станица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

СВР Велес поднесе кривична пријава против М.Т.(45) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 27.05.2025 во Велес, полициски службеници го забележале пријавениот при обид да фрли пакување со хероин, кој е пронајден и одземен.

На 27.01.2026 во 01:45 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје ја приведоа 28-годишната З.К. од Скопје затоа што агресивно се однесувала кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 27.01.2026 во 00:30 часот во СВР Скопје, 40-годишна жена од скопско пријави дека на  26.01.2026 околу 20:00 часот на подрачјето на Гази Баба, нејзиниот партнер Д.П. физички ја нападнал во неговиот дом. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 26.01.2026 во 11:30 часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Р.Ќ.(32) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од неговата 34-годишна поранешна партнерка дека на 23.01.2026 упатувал закани дека ќе сподели компромитирачки видео запис од неа. По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.

На 26.01.2026 во 16:00 часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со В.Т.(49) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од неговата 42-годишна сопруга дека на 24.01.2026 во домот на подрачјето на Центар физички ја нападнал и ѝ го одзел мобилниот телефон. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 26.01.2026 во 11:40 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.С.(77) од скопско, постапувајќи по претходна пријава од 51-годишна жена од Скопје дека ја допирал по телото. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

На 25.01.2026 во 15:50 часот во СВР Скопје, В.П.(29) од Скопје пријави дека на паркинг простор на подрачјето на Карпош, по претходно недоразбирање во автобус сопственост на приватна фирма, бил физички нападнат од возачот и уште едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 26.01.2026 во  15:30 часот во СВР Скопје, С.С.(36) од  с.Сарај, скопско  пријави дека околу 12:40 часот во спортската сала од основно училиште на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје, неговиот малолетен син бил физички нападнат од А.П.(48) од Скопје, наставник во училиштето. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава. дма/

Фото: МИА архива

 

Тагови

Остани поврзан