• сабота, 07 септември 2024
МВР Билтен

Скопје, 7 септември 2024 (МИА) - Во угостителски објект во Градскиот парк во Скопје, денеска во 02:00 часот полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода А.К.Х.(29) од Германија, поради тоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска во 01.00 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници го лишиле од слобода С.Д.(27) од Кратово, поради тоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и бела грутчеста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Пред угостителски објект на подрачјето на Центар, денеска во 00:20 часот полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода С.И.(41) од Скопје, поради тоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Вчера во 23.15 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода К.А.П.(42) од Украина, а со престој во Бугарија, поради тоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Во дворот на болницата во Прилеп вчера во 18:00 часот приведени се М.Н, А.Х.и Х.П. сите од Прилеп, затоа што кај М.Н.(20) била пронајдена марихуана. Лицата се приведени во полициска станица Прилеп и по документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

Вчера во 22.50 часот во Скопје, на подрачјето на Драчево, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.К.(20) од Скопје, поради тоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана, бела грутчеста материја и бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На Граничниот премин Табановце, вчера во 14:50 часот полициски службеници го лишиле од слобода К.А.Ј.Б.(49) од Шведска, поради тоа што при извршени проверки во оперативна евиденција било констатирано дека патничкото возило „порше каен“ со шведски национални ознаки, кое тој го управувал, а било сопственост на лизинг компанија, било предмет на потрага од Интерпол – Шведска. Тој бил предаден на полициски службеници во СВР Куманово за понатамошна постапка. 

Вчера во 15.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од бул.„Никола Карев“ и сервисна улица која ги поврзува бул.„Никола Карев“ и ул.“Прохор Пчински“ во Скопје се случила  сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.Љ.Ш.(36) и мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од Ф.С.(20), двајцата од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Во СВР Скопје вчера во 12:25 часот било пријавено дека на крстосницата од ул.„Васил Главинов“ со ул.„Максим Горки“ во Скопје патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.В.(63) удрило во П.Х.(73) двајцата од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила П.Х., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Вчера во 23.50 часот во СВР Струмица било пријавено дека на крстосницата од бул.„Ленинова“ со бул.„Маршал Тито“ во Струмица се  случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „јамаха“ без регистарски ознаки, управуван од Р.У.(18) и патничко возило „фолксваген бора“ со струмички регистарски ознаки, управувано од М.Х.(60) двајцата од Струмица. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, а со телесни повреди се здобила неговата малолетна сопатничка од Скопје, констатирани во Медицинскиот центар Струмица. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Струмица.

Во Полициската станица Ѓорче Петров, вчера во 13:40 часот С.У.(57) од Скопје пријавил дека на ул.„Ѓорче Петров“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

Вчера во 14.40 часот во Полициската станица Бит Пазар, Р.Ш.(22) од Скопје пријавил дека на  ул.„Никола Малешевски“ во Скопје бил каснат од куче.

Во Полициската станица Аеродром, вчера во 19:30 часот Т.И.(78) од Скопје пријавила дека на бул.„Видое Смилевски–Бато“ во Скопје била касната од куче скитник. аа/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан