• понеделник, 25 ноември 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 5 март 2023 (МИА) - На 04.03.2023 во 18.10 часот, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола го лишиле од слобода И.М.(30) од Кичево. Тој бил осуден на казна затвор од 13 години, а бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Казнено-поправната установа Затвор Идризово за доиздржување седум години и еден месец од казната. Исто така, тој се сомничи дека околу 12.00 часот на  ул.„Маркс и Енгелс“ физички ја нападнал Л.С.(69) од Битола и ѝ одзел накит. Лицето ќе биде спроведено во установата за доиздржување на казната, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.На 04.03.2023 во 16.35 часот на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода го лишиле од слобода М.П.(43) од Скопје. Тој се сомничи дека околу 16.00 часот одзел повеќе предмети од продажен објект на бул.„Борис Трајковски“. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.На 04.03.2023 во 15.40 часот во Кичево, полициски службеници од Полициската станица Кичево го лишиле од слобода С.А.(39) од Кичево. Тој се сомничи дека од фирма од Кичево, каде што работел, одзел повеќе предмети. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.На 04.03.2023 во 19.45 часот на паркинг на регионалниот пат с. Маврово - с.Ниќифорово, гостиварско, полициски службеници од Полициската станица Гостивар ги лишиле од слобода А.Т.(40) и М.Т.(40), двајцата од Скопје, затоа што при преглед во возилото во кое биле и кај нив, кај А.Т. биле пронајдени и одземени кафеава прашкаста материја, предмети со остатоци од бела прашкаста материја и шише исполнето со течност. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.  На 04.03.2023 во 23.40 часот во угостителски објект на подрачје на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Д.(26) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела грутчеста материја. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.  На 05.03.2023 во 01.30 часот во угостителски објект на подрачје на Центар, полициски службеници од Одделот за специјални полициски операции го лишиле од слобода С.Д.(24) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.  На 05.03.2023 во 02.05 часот во угостителски објект на подрачје на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.К.(33) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.  На 05.03.2023 во 03.15 часот на подрачје на Центар, полициски службеници од Полициската станица Центар ги лишиле од слобода И.В.(20) и М.И.(19), двајцата од Скопје, затоа што при преглед кај нив, кај М.И. била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.  На 04.03.2023 во 12.00 часот на подрачје на Полициското одделение Петровец, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода В.П.(36) од с.Сопиште, скопско, затоа што кај него биле пронајдени и одземена бела грутчеста и бела прашкаста материја. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.  На 05.03.2023 во 00.25 часот на ул.„4 Ноември“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода Ј.Ш.(22) и И.М.(21), двајцата од Битола, затоа што при преглед кај нив, кај И.М. биле пронајдени и одземени таблети. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.  Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (04.03.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 219 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 88 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, девет санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила. Изречени се пет мерки за користење мобилен телефон при возење, две санкции за некористење сигурносен појас, пет мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)...Во текот на изминатата вечер  (04\05.03.2023) во периодот од 22.00 до 04.00 часот на територија на СВР Битола била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата било констатирано дека 20 возачи управувале возило под дејство на алкохол и тие биле соодветно санкционирани. Од нив 14 на територија на  Битола, четири во Прилеп и двајца во Демир Хисар. За време на контролата биле санкционирани и 22 останати прекршоци.Во акциска контрола спроведена ноќеска (05.03.2023), околу 00.10 часот во угостителски објект на улица „Димо Гавровски-Кара" во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го привеле 37-годишниот тетовец В.Н. кој се однесувал агресивно додека преземале службени дејствија. Во друг угостителски објект на излезот од Тетово, во 01.30 часот биле приведени И.А.(20) од Тетово и А.Б.(26) од скопско Рашче кои не поседувале документи за идентификација, а во угостителски објект на улица „ЈНА" во Тетово, околу 00.20 часот, бил приведен 26-годишниот А.З.од Тетово поради нарушување на јавниот ред и мир. Во истиот објект било затекнато и малолетно женско лице од Република Косово кое консумирало алкохол, по што му било предадено на нејзин роднина.На 04.03.2023 во 12.00 часот во Полициската станица Бит Пазар, Ж.К.(48) од Скопје пријавила дека на ул.„Лазар Трповски“ била касната од куче скитник.ОВР Дебар поднесе кривична пријава против Ј.К.(34) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување на лиценца“. На 24.02.2023 на „Братство Единство“ во дебар, полициски службеници извршиле контрола на патничко возило „ауди“, управувано од пријавениот, при што било констатирано дека врши јавен превоз без да поседува лиценца издадена од надлежен орган.На 04.03.2023 во 00.15 часот на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода го привеле О.О.(32) од Република Турција затоа што непријавено престојувал на подрачјето. Против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.На 04.03.2023 во 11.30 часот во Полициската станица Аеродром, К.С.(51) од Скопје пријавил дека на бул.„Видое Смилевски Бато“ неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ш.Б.(59) и Б.Е.(52), двајцата од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 24.05.2022 на локалниот пат Тетово – с.Сараќино во полициски службеници ги забележале пријавените, кои биле со патничко возило „фолксваген туран“ со тетовски регистарски ознаки, како на Д.О.  од с.Радуша му даваат ќеса со кокаин, која била одземена.На 04.03.2023 во 14.35 часот во Полициската станица Карпош, Т.В.(61) од Скопје пријавил дека на бул.„8 Септември“ бил каснат од куче скитник. сх/нд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан