• понеделник, 23 декември 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 8 јули, 2024 (МИА) - На 07.07.2024 во 15.55 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на автопат А-1, во близина на клучка за село Миравци, настанал пожар на патничко возило во движење, „рено“ со српски национални ознаки, управувано од З.И.(47) од Србија. Повредени лица нема, а увид извршила екипа на ОВР Гевгелија.

На 07.07.2024 во 23.00 часот во СВР Скопје Ц.С.(31) од Скопје пријавила дека околу 21.30 часот во парк на подрачјето на Кисела Вода била физички нападната од Б.А. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 07.07.2024 во 20.40 часот во Виница, полициски службеници од Полициската станица Виница го лишиле од слобода С.Е.(25) од Виница, поради тоа што физички ја нападнал неговата 21-годишна вонбрачна партнерка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 07.07.2024 во 14.40 часот во СВР Скопје, Ќ.М.(40) од Куманово пријавил дека во неговиот двор во с.Грушино, додека со багер рушел помошна просторија, пронашол една неексплодирана  направа. При подигање на направата, од страна на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Скопје, било констатирано дека станува збор работи за минофрлачка мина 88 мм.

На 07.07.2024 во 19.10 часот во СВР Скопје, Љ.Ј.(57) од Скопје пријавил дека околу 17.00 часот во с.Долно Лисиче, скопско, бил физички нападнат од неколку лица кои му го оштетиле и возилото. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 07.07.2024 во 16.10 часот во СВР Скопје, А.Ј.(38) од Скопје пријавил дека на 06.07.2024 околу 17.00 часот на подрачјето на Центар бил физички нападнат од три лица, кои му го одзеле мобилниот телефон. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

На 07.07.2024 во 13.15 часот во Полициската станица Бит Пазар, С.К.(38) од Скопје пријавила дека од домот се оддалечила Ј.А.(16), која ѝ била доделена на згрижување, а која во повеќе наврати се оддалечувала и била враќана назад. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 07.07.2024 околу 14.30 часот во Скопје, на подрачјето на Чаир, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Л.Б.(18) од Скопје, поради тоа што на 06.07.2024 околу 22.00 часот на подрачјето на Шуто Оризари, заедно со еден малолетник и уште едно лице физички нападнале друг малолетник, при што бил употребен и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Р.А.(23) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба наркотични дроги“. На 16.03.2024, на паркинг простор во Струмица, полициски службеници ги забележале пријавениот и неговиот брат додека консумирале марихуана, која била набавена од пријавениот Р.А..

Денеска (08.07.2024) во 04.01 часот во СВР Скопје Н.Л.(40) од с.Бузалково, велешко, пријавил дека во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде работел како лекар, Ј.М. почнал агресивно да се однесува, а потоа му упатил и закани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(20) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“. На 02.10.2023 во с.Одри, било паркирано патничко возило, кое го управувал 79-годишен тетовец, а совозач бил пријавениот, кој откако ги забележал полициските службеници, излегол од возилото и фрлил марихуана.  

На 07.07.2024 во 20.20 часот во СВР Скопје, 23-годишна жена пријавилa дека на подрачјето на Шуто Оризари била физички нападната од нејзиниот сопруг А.Ф.(33) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.  

На 07.07.2024 година во 18.45 часот во Тетово, на патот за тетовска Брвеница, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода С.А.(49) и С.Л.(19) од тетовска Мала Речица, Г.Ц.(52) од Тетово и М.А.(28) и Ф.М.(44), двајцата од Република Косово, а во 19.40 часот во Клиничка болница Тетово и С.Р.(29) од Мала Речица, кои околу 18.30 часот пред маркет на улица „Брвенечка кривина“, по вербална расправија, започнале физичка пресметка во која користеле и тврди предмети. Според пријавеното, во текот на пресметката било оштетено и патничко возило „БМВ“ со косовски национални ознаки, управувано од 44-годишната Ф.М.. Тие се задржани во полициска станица за понатамошна постапка и против сите инволвирани лица ќе следува соодветен поднесок.

Вo текот на викендот (06/07.07.2024), во периодот од 22.00 до 04.00 часот, од страна на полициски службеници од СВР Тетово била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол, при што биле констатирани и санкционирани 3 прекршоци (ТЕ-1 и ГВ-2), а возилата веднаш биле исклучени од сообраќај. За време на контролите биле констатирани и 18 други видови прекршоци (ТЕ-7 и ГВ-11). дма/

Фото: МИА архива

 

 

 

 
 

Остани поврзан