МВР Билтен
- На 07.03.2026 во 07:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Партизански одреди“ во Скопје, Ф.А.(38) од Скопје, управувајќи мопед „сузуки“ со кичевски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Ф.А., констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. За настанот бил известен јавен обвинител. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Скопје, 8 март 2026 (МИА) - На 07.03.2026 во 07:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Партизански одреди“ во Скопје, Ф.А.(38) од Скопје, управувајќи мопед „сузуки“ со кичевски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Ф.А., констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. За настанот бил известен јавен обвинител. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Е.Ф.(20) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. Во Скопје, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени кокаин, дигитална вага и други предмети.
На 07.03.2026, во периодот од 08:30 до 10:30 часот по наредба од Основен суд Тетово, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Тетово извршија претрес во домот и помошни простории кај П.Б.(43) од с.Брвеница. При претрсот се пронајдени и одземени пиштол „Берета“ со две празни рамки, еден карабин „Бенели" калибар 30-06, една рамка од автоматска пушка со 28 куршуми калибар 7,62 мм, кутија со 126 куршуми различен калибар, две празни рамки за карабин 30-06, 42 куршуми калибар 9х19 мм и други предмети. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.Ш.(34), Б.Р.(43) и Ф.Н.(35), сите од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 14.10.2025 во угостителски објект во Тетово, пријавените физички го нападнале Ј.Т., при што Б.Ш. се обидел да употреби и остар предмет.
На 07.03.2026 во 15:20 часот на ул.„Киро Ристовски Дрнц“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода В.М.(32) од Тетово, постапувајќи по претходна пријава од 37-годишна жена од Тетово дека нејзината 15-годишна ќерка живее со В.М. и тој не и дозволува комуникација со родителите. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
ОВР Струга поднесе кривична пријава против Б.Т.(31) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. При преглед извршен на улица „Ѓуро Салај“ во Струга, полициските службеници од криминалистичката полиција кај него пронајдоа и одзедоа пакување со мешавина од амфетамин и метамфетамин.
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против А.А.(44) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. Полициски службеници го затекнале пријавениот на улица „Рудничка“ во Кичево при предавање на пакување со кокаин на друго лице од Кичево, кое е пронајдено и одземено.
На 07.03.2026 во Полициската станица Струмица било пријавено дека на место викано „Буката“ на околу еден километар од локалниот пат помеѓу селата Едрениково и Требичино, струмичко, имало превртен трактор. Од здобиените повреди на местото починал возачот на тракторот П.С.(66) од село Градашорци, струмичко, а смртта ја констатирал лекар од Медицински центар Струмица. Увид на местото извршија јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и екипа на СВР Струмица.
На 08.03.2026 во 00:15 часот во Скопје, полицискислужбеници од СВР Скопје ги приведоа З.В.(42) и Р.М.(23), двајцата од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека на подрачјето на Центар го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 07.03.2026 во 22:50 часот во дворно место од куќа во с.Волково, скопско, полициски службеници од СВР Скопје го приведоа Љ.П.(47) од истото село затоа што се однесувал агресивно кон полициски службеници додека извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 07.03.2026 во СВР Скопје, од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје е пријавено дека кај нив со влошена здравствена состојба бил донесен С.Р.(23) од Скопје - осуденик од Казнено - поправната установа Затвор Скопје, кој во 20:10 часот починал во установата. Лекар констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
На 07.03.2026 во 14:30 часот во с.Батинци, општина Студеничани, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода С.Д.(40) од с.Батинци, постапувајќи по претходна пријава од 32-годишен негов роднина од истото село. Според пријавеното, околу 12:45 часот во с.Батинци, таткото на С.Д. се однесувал агресивно кон пријавителот и му упатувал закани со дрвен предмет, по што С.Д. му упатил закани дека ќе употреби огнено оружје доколку го пријави татко му. По преземени мерки, полициски службеници пристигнале на местото на настанот и под облеката на малолетниот син на С.Д., пронашле и одзеле два пиштоли и куршуми различен калибар. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.
На 07.03.2026 во 12:50 часот во СВР Куманово, од Итната медицинска помош Куманово е пријавено дека на место викано „Света Петка“, општина Старо Нагоричане во возило од Итна медицинска помош Крива Паланка починала пациентката М.Т.(78) од Крива Паланка при пренос кон Општа болница Куманово. Лекар констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител телото на починатата е предадено на обдукција. дма/
Фото: МИА архива