МВР Билтен
- СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.Ц.(41) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

Скопје, 9 април 2025 (МИА) - СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.Ц.(41) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 26.08.2024, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што бил пронајден и одземен хероин.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.С.(35) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“, ,,телесна повреда“ и ,,противправно лишување од слобода“. Од 25.02. до 28.02.2025 пријавениот ја заклучил во домот во семејниот дом неговата сопруга ѝ упатувал закани и физички ја нападнал.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против правен субјект од Тетово и Е.П.(54) од Република Албанија, со привремен престој во Тетово, управител на правниот субјект, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „повреда на права од индустриска сопственост и неовластено употреба на туѓа фирма’’. На 30.01.2025, полициски службеници извршиле контрола во пријавениот правен субјект, при што биле пронајдени и одземени женски чанти, а било констатирано и дека се врши продажба на текстилна стока, односно трговски марки кои подлежат на заштита на трговска марка и не кореспондира со прописите за индустриска сопственост, а за кои истиот не поседувал соодветна дозвола.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Ф.(62) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување на лиценца“. На 25.10.2023 во Тетово, полициски службеници извршиле контрола на патничко возило „голф“, управувано од пријавениот, при што било констатирано дека врши јавен превоз на патници без да поседува соодветна лиценца издадена од надлежен орган.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.Х.(53) од с.Слатино, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Пријавениот, во 2024 година во својство на инвеститор, во село Слатино изградил викенд куќа без да поседува соодветна дозвола за градба издадена од надлежен државен орган.
СВР Битола поднесе кривична пријава против J.M.(25), M.Х.(47) и Ф.K.(52), сите од Република Чешка, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“. На 03.04.2025 на место викано „Брест“, мариовско, пријавените биле затекнати во намера да вршат ископ на добра под привремена заштита и културно наследство или природна реткост, а при претрес во куќата каде престојувале биле пронајдени и одземени предмети кои што се користат за ископ на културни добра под привремена заштита, како и монети, златна обетка и прстен од извршен ископ во подрачјето во кое се затекнати лицата.
На 08.04.2025 на различни локации во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Л.М.(21), В.Б.(48), Д.Н.(27), М.Ј.(36), Н.А.С.(23) и Б.С.(32), сите од Скопје, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.
Денеска (09.04.2025) во 00.10 часот во Пробиштип, полициски службеници од ОВР Пробиштип ги лишиле од слобода Б.С.(39) и К.С.(29), двајцата од Кочани. При преглед над патничко возило „фолксваген голф“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Б.С., била пронајдена и одземена марихуана, по што совозачот К.С. се обидел да побегне и притоа го оштетил службеното возило на МВР, но бил спречен и приведен. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 08.04.2025 во 20.30 часот во СВР Скопје, А.Г.(37) од с.Кадино село, прилепско, со престој во Скопје, пријавил дека околу 16 часот во основно училиште на подрачјето на Драчево, неговиот малолетен син бил физички нападнат од негов соученик. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 08.04.2025 во 15.35 часот во СВР Скопје, Н.М.(46) од Скопје пријавил дека околу 08 часот на подрачјето на Чаир, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 08.04.2025 околу 20.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Сарај, скопско, по претходно нерасчистени имотно-правни односи, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.С.(68), М.С.(22), Р.С.(32) и М.С.(27) од една страна и Ј.С.(59), О.С.(25) и Н.С.(19) од друга страна, сите од с.Љубин, скопско. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 08.04.2025 во 21.10 часот во СВР Скопје, Г.Н. пријавил дека во 21 часот во неговото продажно место на подрачјето на Ѓорче Петров, две машки лица физички го нападнале и се обиделе да одземат пари од неговиот татко Т.Н. од Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.
На 08.04.2025 во 18.40 часот во СВР Скопје, Д.Д. (24) од с.Босилово, струмичко и З.Б. (54) од с.Чучер Сандево, скопско, пријавиле дека, додека извршувале работни задачи - санација на кров од станбена зграда на подрачјето на Карпош, паднала метална шипка и го повредила Б.Х.(51) од Скопје во пределот на раката. Според пријавеното, потоа Б.Х. физички ги нападнал двајцата, при што употребил метален предмет и му нанел повреди на Д.Д., а им оштетил и алат. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 08.04.2025 во 19.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автобуска постојка на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, малолетник од с.Идризово, скопско, бил физички нападнат од двајца негови соученици и уште еден малолетник. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Денеска (09.04.2025) во 03.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 02.30 часот на подрачјето на Чаир било опожарено паркирано патничко возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на В.Б.(65) од Скопје. Повредени лица нема, а екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот. Увид бил извршен.
Фото: МИА архива