• сабота, 10 мај 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски
МВР Билтен

Скопје, 15 март 2025 (МИА) - Денеска во 01.55 часот на магистаралниот пат Штип - Кочани, кај с.Долни Балван, општина Карбинци, полициски службеници го лишиле од слобода И.Д.(21) од Пробиштип. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген пасат“ со пробиштипски регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,70 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297 - а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“. 

Во Пробиштип денеска во 06.50 часот, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода К.Т.(21) од село Пуздерци, пробиштипско. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба биле пронајдени и одземени марихуана, семки од растението канабис и предмет со остатоци од прашкаста материја. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

Вчера во 18.00 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Е.С.(33) од с.Требиште, општина Маврово и Ростуше. При претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени семки од растението канабис статива. Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок. 

Во СВР Скопје вчера во 18.54 часот било пријавено дека на ул.„Ацо Шопов“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат панда“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Р.(24) од с.Буковиќ, скопско, патничко возило „пежо 2008“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.А.(52) од Скопје и мотоцикл „сузуки“ со скопски регистарски ознаки, управуван од А.Ј.(34) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот А.Ј., констатирани во Градската општа болница „8 Септември“, по што бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде што подоцна починал. Лекар констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција. Возачот Б.Р. се здобил со телесни повреди, констатирани во Градската опшата болница „Св.Наум Охридски“ Скопје и по укажаната помош во 01.00 часот на подрачјето на Центар бил лишен од слобода и по целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава по брза постапка.  Извршен бил увид од надлежен обвинител од ОЈО Скопје и увидна екипа од СВР Скопје.   

Вчера во 17.30 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода И.Н.(20) од Прилеп затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Во Скопје вчера во 22.00 часот,  на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода И.К.(28) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

Вчера во 20.00 часот во Скопје, на подрачјето на Чаир,  полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода И.Ј.(26) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

Во Скопје, вчера во 23.05 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош,  полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода И.С.(35) од Скопје  затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

Вчера во 11.30 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека во Казнено – поправната установа Затвор Прилеп биле пронајдени таблети, прашкаста материја и дигитална вага. Полициски службеници извршиле увид и предмети биле подигнати за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.  

Во Скопје вчера во 13.20 часот, на подрачјето на Центар, полициски службеници го привеле Ј.К.(36) од Скопје затоа што кај него бил пронајден и одземен нож. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

Вчера во 11.00 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода Н.Т.(50) од Република Србија затоа што при пасошка контрола и проверки во оперативна евиденција било констатирано дека евидирал на стоп листата. Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.   

Во СВР Скопје вчера во 14.20 часот било пријавено дека на бул.„Босна и Херцеговина“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.С.(30)  од Скопје и мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од А.М.(29) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“ Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје. 

Вчера во 12.55 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово - Свети Николе, мотоцикл „хонда“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од Д.Д.(42) од Куманово, удрил во пешакот А.Н.(21) од Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот А.Н., констатирани во Ургентен центар Куманово, додека возачот Д.Д. се здобил со телесни повреди. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово. 

Во Полициската станица Гази Баба, вчера во 10.50 часот С.Ј.(53) од с.Јурумлери, скопско, пријавил дека во село Јурумлери бил каснат од куче скитник. 

Вчера во 18.30 часот во Полициската станица Чаир, А.С.(27) од Скопје пријавил дека на ул.„30“ во населба Радишани во Скопје бил каснат од куче скитник. 

Во Полициската станица Гази Баба, вчера во 16.00 часот Љ.Г.(36) од Скопје пријавил дека на ул.„Огнен Чемерски“ во Скопје бил каснат од куче скитник.  аа/

Фото: МИА архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан