МВР Билтен
- Скопје, 1 март 2025
Скопје, 1 март 2025 (МИА) - На подрачјето на општина Аеродром синоќа во 10 минути по полноќ приведени се Д.П.(25), П.П.(24) и Д.С.(28) затоа што кај нив била пронајдена и одземена прашкаста материја.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Вчера во 20:40 часот на подрачјето на Центар приведен е А.Г.(24) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Во 12:35 часот вчера на подрачјето на Шуто Оризари приведен е 17-годишник од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Во СВР Скопје вчера во 13.10 часот било пријавено дека на ул.„Антон Попов“ се случила сообраќајна несреќа меѓу патничко возило „тојота“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Г.(56), и патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.Б.С.(49), двајцата од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Т.Б.С., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Вчера во 10.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од бул.„Крсте Мисирков“ и ул.„Петре Ѓорѓиев“ во Скопје автобус на ЈСП, управуван од Б.А.(50), удрил во пешакот Н.С.(70).
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Во 21.30 часот вчера во СВР Тетово било пријавено дека на кружниот тек од ул.„Јане Сандански“ со ул.„Гоце Стојчески“ во Тетово патничко возило удрило во малолетен пешак од село Шемшево, по што возачот го напуштил местото.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничката болница Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Во 18.40 часот вчера во Полициската станица Чаир, С.Т.(28) од с.Црешево, пријавила дека на ул.„Призренска“ во Скопје, нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.
Вчера околу 23 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосницата на ул.„8 Септември“ и ул.„Арон Ароести“ во Битола се случила сообраќајна несреќа во која М.С. (46) од Битола, кој управувал мопед „јијинг" со битолски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот.
Во несреќата М.С. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Битола. Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола.
Во 23 часот вчера полициски службеници од ОВР Прилеп на патот за с.Лениште пронашле паковка во која имало марихуана и прашкаста материја.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Вчера во 19.40 часот, на ул.„Прогрес" во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода Ф.Ј.(29) од Битола и В.Н.(21) од с.Суводол, демирхисарско.
При преглед кај Ф.Ј. биле пронајдени паковки со грутчеста материја. По документирање на настанот, ќе следува соодветна пријава.
Полициски службеници од ОВР Прилеп вчера во 19 часот на ул.„Горан Миноски" го лишиле од слобода М.Т.(35) од Прилеп, бидејќи при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана и грутчеста материја.
По документирање на настанот, ќе следува соодветна пријава.
Вчера во 13.19 часот, во СВР Битола било пријавено дека на патот Битола-Прилеп, кај надвозникот за с.Тополчани, товарно моторно возило „терберг" со прилепски регистарски ознаки, управувано од П.С.(38) од Прилеп, излетало од коловозот.
По несреќата, возачот со возило на Итна медицинска помош Битола бил пренесен во Клиничката болница Битола, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола.
Во 11.56 часот вчера во СВР Битола било пријавено дека во дворот на Педагошкиот факултет на ул.„Генерал Васко Карангелевски" во Битола била пронајдена граната.
Од страна на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Битола е подигната и утврдено е дека се работи за артилериска граната кал.75 мм од Првата светска војна.
Вчера во 10 часот на ул. „Егејска“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода М.Ш.(31) од Прилеп, кој бил баран врз основа на наредба издадена од Основен суд Прилеп за издржување на казна затвор од шест месеци.
Во 07.50 часот полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога го лишиле од слобода А.Д.(47) од Велес. При извршен претрес во неговиот дом во Велес, по претходно издадена судска наредба, била пронајдена и одземена кафена прашкаста материја.
А.Д. бил задржан во полициска станица, а потоа, по наредба од јавен обвинител, спроведен во Основното јавно обвинителство Велес. По издадено решение од судија на претходна постапка за изречена мерка притвор, А.Д. бил спроведен во Казнено поправна установа Затвор Скопје.
Вчера во 13 часот полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Ј.А.(31) од Кавадарци. При извршен претрес во неговиот дом во Кавадарци, по претходно издадена судска наредба, биле пронајдени и одземени зелена растителна материја, 21 семки од растителна материја, дигитална вага и дробилка.
Ј.А. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. бак/
Фото: МИА архива