• среда, 25 декември 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 30 октомври 2023 (МИА) - На 29.10.2023 во 20.30 часот на ул.„8 Септември“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес во координација со полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово ги лишиле од слобода А.И.(18) од с.Стар Караорман, штипско и Т.Ј.(18) од Штип затоа што во товарното возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал А.И., а сопатник бил Т.Ј., биле пронајдени 23 лица мигранти од Сирија, од кои 10 малолетници.  Имено, околу 20.05 часот на автопатот А1, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово дале знак за запирање на возилото, но А.И. продолжил со движење и со возилото влегол во Велес и на ул.„8 Септември“ излетал од патот и со возилото паднал во ископ. Притоа, со повреди се здобил еден малолетник, констатирани во болницата во Велес. При приведувањето А.И. физички нападнал полициски службеник. По наредба на јавен обвинител увид на местото извршила екипа од СВР Велес. По целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави. 

На 29.10.2023 во 19.35 часот во Радовиш, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш гo лишиле од слобода Ш.Ш.(37) од Радовиш бидејќи бил затекнат како со товарно возило „форд транзит“ со струмички регистарски ознаки превезува бесправно исечени огревни дрва. Дрвата и возилото биле одземени, а по целосно документирање на случајот против Ш.Ш. ќе биде соодветна пријава. Истиот ден во село Долни Липовиќ, општина Конче, полициски службеници од ОВР Радовиш, во координација со вработени од Шумска полиција Радовиш, од Г.Т.(34) од село Долни Липовиќ одзеле бесправно исечени огревни дрва, еден трактор и приколка за трактор, а во дворното место на С.Т. од истото село биле одземени бесправно исечени огревни дрва. Одземените дрва и тракторот со приколка биле пренесени во кругот на Јавното претпријатие Национални шуми, подружница Плачковица Радовиш. По документирање на случаите против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави. 

На 29.10.2023 во 16.40 часот на подрачје на Ѓорче Петров, полициски службеници го лишиле од слобода К.Г.(22) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка со остатоци од марихуана. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.   

На 29.10.2023 во 15.00 часот на подрачје на Сарај, скопско, полициски службеници го лишиле од слобода Б.А.(21) од с.Кондово, скопско, затоа што кај него билa пронајденa и одземенa марихуана. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. 

На 29.10.2023 во 09.30 часот на подрачје на Центар, полициски службеници го лишиле од слобода Г.С.(40) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени грутчеста материја и таблета. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. 

На 29.10.2023 околу 13.40 часот на улица „Видое Смилевски-Бато“ во Тетово, полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово ги лишиле од слобода Ф.Р.(21), Х.З.(24) и тројца малолетници, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. Лицата биле задржани во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци. 

Во текот на вчерашниот ден (29.10.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 311 возачи. Од нив шест возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 194 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 117 надвор од населено место. 

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (29.10.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 261 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 88 санкции, 21 мерка за возење без возачка дозвола, 12 санкции за возење под дејство на алкохол. Изречени се седум мерки за користење мобилен телефон при возење, 26 санкции за некористење сигурносен појас, пет мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила... 

Секторот за внатрешни работи Битола во текот на викендот (27/28/29.10.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на СВР Битола санкционирани се 247 возачи, меѓу кои 152 мерки за возење повеќе од дозволената брзина, 32 мерки за возење без возачка дозвола, 26 возачи за управување под дејство на алкохол, три санкции за непрописно престигнување, 3 санкции за непрописно паркирање... 

На 29.10.2023 во 19.50 часот во СВР Тетово било пријавено дека на крстосница од ул. „Благоја Тоска“ со ул.„ЈНА“ во Тетово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.М.(35) од с.Шипковица, тетовско и мотоцикл со тетовски регистарски ознаки, управуван од Н.И.(22), исто така, од с.Шипковица. Во несреќата  со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Клиничка болница Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Тетово. 

На 29.10.2023 во СВР Битола, Д.Л.(61) од Битола пријавил дека на ул.„Милтон Манаки“ во Битола бил каснат од  куче скитник. 

На 28.10.2023 во 20.20 часот во Полициската станица Кисела Вода, А.Н.(47) од Скопје пријавила дека во населба Пинтија во Скопје била касната од куче сопственост на М.Т.(58) од Скопје. 

На 29.10.2023 во 12.15 часот во Полициската станица Аеродром, Г.Ш.(38) од Скопје пријавил дека на бул.„АСНОМ“ бил каснат од куче скитник. 

Остани поврзан