• четврток, 02 мај 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 6 април 2024 (МИА) Полициски службеници од полициската станица за граничeн надзор Михајлово при Регионалниот центар за гранични работи Југ синоќа околу 23 часот кај клучка Демир Капија го лишиле од слобода Б.И.(22) од с.Батинци, скопско.  По извршени проверки било констатирано дека регистарските таблички на патничкото возило „ауди“, кое го управувал, не припаѓале на неговото возило, односно биле издадени за друго патничко возило.  Лицето било задржано во полициска станица, бил известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

На 05.04.2024 во 17.35 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го привеле В.С.(62) од Скопје, кој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување затворска. Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Скопје за издржување на казната. 

Денеска (06.04.2024) во 01.45 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода К.Б.(34) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и бела грутчеста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

Денеска (06.04.2024) во 01.50 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.Т.(29) од с.Шишево, скопско,  затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска (06.04.2024) во 02.00 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.Џ.(30) од с.Кривогаштани, прилепско, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска (06.04.2024) во 03.00 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Т.(20) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 05.04.2024 во 17.00 часот во Битола, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Битола лишиле од слобода малолетник од Битола затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (05.04.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 107 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 10 санкции, осум мерки за возење без возачка дозвола, 11 санкции за користење мобилен телефон при возење... 

На 05.04.2024 во 13.45 часот во СВР Тетово било пријавено дека на крстосница од регионален пат Тетово-Скопје со локален пат за с.Требош се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „даеву тико“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Т.Џ.(63) од с.Сараќино, тетовско и патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.С.(22) од Тетово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „голф“, С.К.(20) од с.Порој, тетовско, додека двајцата возачи се здобиле со телесни повреди констатирани во Клиничка болница Тетово. Известен бил јавен обвинител, а увид извршила увидна едипа од СВР Тетово. 

На 05.04.2024 во СВР Скопје било пријавено дека околу 15.30 часот на ул.„Митрополит  Теодосиј Гологанов“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу велосипед управуван од М.Р.(65) од Скопје и мотоцикл со кумановски регистарски ознаки, управуван од малолетник од Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот М.Р, додека малолетникот се здобил со телесни повреди констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипаод СВР Скопје. 


На 05.04.2024 во СВР Скопје било пријавено дека околу 13.00 часот на бул.„Партизански Одреди“ во Скопје, велосипед управуван од А.В.(71) удрил во пешакот В.У.(72), двајцата од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила В.У., констатирани во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје. 


Денеска (06.04.2024) во 00.20 часот во Полициската станица Карпош, В.Ц.(53) од Скопје пријавил дека на ул. „Манапо“ во Скопје бил каснат од куче скитник.   


На 05.04.2024  во 18.35 часот во Полициската станица Аеродром, Р.И.(64) од Скопје пријавил дека на ул.„Владимир Комаров“ во Скопје бил каснат од куче скитник.


На 05.04.2024  во 17.10 часот во Полициската станица Гази Баба, Т.Т.(50) од Скопје пријавил дека во с. Трубарево, скопско бил каснат од куче скитник. 

 

 

Остани поврзан