• понеделник, 23 декември 2024

МВР билтен

МВР билтен

Скопје, 2 август 2024 (МИА) - Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје и Одделот за криминалистичка полиција вчера во 12.30 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош ги лишиле од слобода Н.Ѓ.(26) и С.Ј.(25), двајцата од Скопје. Имено, при извршен претрес по претходна судска наредба од Основен кривичен суд Скопје, во стан каде престојувал С.Ј., биле пронајдени и одземени марихуана и пари. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. 

Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје утринава во 03.15  часот во Скопје, на подрачјето на Драчево, го лишиле од слобода А.А.(33) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје утрово во 01.40 часот во Скопје, на подрачјето на Драчево, го лишиле од слобода Д.Г.(27) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје вчера во 21.50 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, го лишиле од слобода С.Б.(22) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана, пиштол „зораки 917-Т“ и една рамка со 13 куршуми.  По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 131 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 25 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл. Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон при возење, четири санкции за некористење сигурносен појас...

Во СВР Охрид вчера во 10.10 часот било пријавено дека на ул.„15-ти Корпус“ во Охрид се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „фолксваген“ со австриски национални ознаки, управувано од А.И.(50) од Р. Австрија и патничко возило „поло“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Н.М.(40) од Охрид, како и паркирано товарно возило „фиат“ со охридски регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од возилото „поло“ Н.М.(43) од Охрид, констатирани во Општата болница Охрид, а со телесни повреди се здобиле А.И. и неговиот сопатник И.И.(50) од Охрид, како и уште една сопатничка од  возилото „поло“ К.М.(22) од Охрид, констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид. 

Во Полициската станица Гостивар вчера во 10.00 часот било пријавено дека на ул.„Никола Парапунов“ во Гостивар, четирицикл со гостиварски регистарски ознаки, управуван од И.Т.(48) од Гостивар излетал од коловозот. Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Гостивар. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар. 

Вчера во 13.50 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека на крстосницата од ул.„Живко Брајкоски“ со ул.„101“ и ул.„Бранко Станојевиќ“ во Гостивар се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од А.Н.(22) од Р. Италија и патничко возило „бмв“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од В.И.(33) од Гостивар. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општата болница Гостивар. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.

Во СВР Штип вчера во 15.40 часот било пријавено дека на ул.„Партизанска“  во Штип, И.Н.(22) од село Стар Караорман, штипско, управувајќи мопед „априлиа“ со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник, а со телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.  

Во СВР Битола вчера во 17.05 часот било пријавено дека на регионалниот пат Битола-Тополчани  патничко возило „фиат“ со битолски регистарски ознаки, управувано од З.Л.(54) од село Могила, битолско, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола. 

Во СВР Струмица вчера во 14.00 часот било пријавено дека на бул.,,Ленинова'' на делницата од крстосница со ул.,,Браќа Миладинови'' до крстосница со ул.,,24-ти Октомври'' во Струмица се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „дачија дастер“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Б.Ф.М.(66) од Р. Швајцарија, со место на живеење во село Смоларе, општина Ново Село и товарно возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Т.(58) од Струмица, сопственост на правен субјект од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди  се здобил возачот З.Т., констатирани во Општата болница Струмица. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Струмица. вј/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан