• недела, 22 декември 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 8 мај 2023 (МИА) - На 07.05.2023 во 16.09 часот во СВР Куманово, Б.Ш. пријавил дека на улица „Благој Илиев Гуне“ во Куманово од залутано зрно од огнено оружје било оштетено неговото патничко моторно возило „фолксваген голф“. Полициски службеници го подигнале зрното за понатамошна постапка. Се работи на расчистување на случајот.

На 08.05.2023 во 03.11 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Цветан Димов“ во Скопје настанал пожар во патничките возила „опел“ со скопски регистарски ознаки сопственост на А.С.(41) од Скопје, „фолксваген голф“ со гостиварски регистарски ознаки сопственост на О.С.(46) од Гостивар, „пежо“ со скопски регистарски ознаки сопственост на А.М.(27) од Скопје и „ауди“ со скопски регистарски ознаки сопственост на А.М.(26) од Скопје. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема. Увид бил извршен.    

ОВР Струга поднесе кривична пријава  против Ј.М.(66) од Струга поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело дело „загрозување на сигурноста“. Тој, на 13.04.2023 преку смс пораки упатил кон лице од Струга и неговото семејство.

На 07.05.2023 околу 16.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Буковиќ, скопско, била опожарена дабова шума на приватен имот. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема. Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

СВР Битола поднесе кривична пријава против М.А.(24) од Битола поради постоење основи на сомнение дека во периодот од септември 2022 година до почетокот на мај оваа година неовластено следел и настојувал да оствари контакт со битолчанка.   

На 07.05.2023 во 14.55 часот во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг простор на подрачјето на Кисела Вода настанал пожар во патничко возило „опел корса“ со скопски регистарски ознаки. Од пожарот делумно било зафатено и товарно моторно возило „опел комбо“ со скопски регистарски ознаки сопственост на правно лице. Пожарот бил изгаснат од екипата на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема.. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

На 07.05.2023 во 16.57 часот во СВР Скопје, Е.Д.(46) од Скопје пријавил дека на Транспортен центар во Скопје, додека бил на своето работно место како контролор во ЈСП, бил физички нападнат од Н.Л.(55) и Б.Л.(23), двајцата од с.Студеничани, скопско. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 07.05.2023 околу 17.00 часот во СВР Скопје, М.А.М.(40) од Скопје пријавила дека околу 16.15 часот на ул.„Неготинска“ нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од неколку малолетници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 07.05.2023 во 10.44 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Батинци, скопско, по претходно недоразбирање, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.Д.(22) и С.Д.(60), од една страна и Е.М.(22) и П.М.(20), од друга страна, сите од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 07.05.2023 во 19.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Драчево бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.Т.(44) и С.Т.(75), двајцата од Скопје, при што С.Т.(75) употребил и електрошок. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 07.05.2023 во 05.30 часот во Полициската станица Гази Баба, М.Н.(33) од Скопје пријавила дека на подрачје на Гази Баба, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиниот брачен партнер Б.Н.(37). На 08.05.2023 во 00.00 часот, и Б.Н. од с.Зелениково пријавил дека на 07.05.2023 на подрачје на Гази Баба, по претходна расправија, бил физички нападнат од неговата брачна партнерка М.Н.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 07.05.2023 во 18.20 часот во СВР Скопје, Б.М.(30) од Скопје пријавил дека пред бензиска пумпа на подрачјето на Гази Баба, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од А.К.(36) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 07.05.2023 во 20.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Визбегово, скопско, по претходно недоразбирање, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу И.Ф.(67) и Ф.Ф.(22), двајцата од с.Радуша, скопско. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 07.05.2023 во 14.45 часот во СВР Скопје, А.В.(21) од Скопје пријавил дека во спортски објект на подрачјето на Кисела Вода бил физички нападнат од И.П.(20) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 07.05.2023 во 20.30 часот во СВР Скопје, А.С.(36) од Скопје пријавила дека околу 19.30 часот во двор од основно училиште на подрачјето на Бутел нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од двајца малолетници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 07.05.2023год во 22.45 часот во Полициската станица Кисела Вода, И.Д.(20) од Скопје пријавил дека околу 21.00 часот на ул.„Божидар Аџија“, поради наводен долг, бил физички нападнат од Н.А., при што му одзел и два мобилни телефони. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 07.05.2023 во 18.50 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул.„Генерал Михајло Апостолски“ во Штип, патничко моторно возило „шевролет круз“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.А.(68) од Република Турција, удрил во полициски службеник кој извршувал службени дејствија. Во незгодата полицискиот службеник се здобил со телесни повреди констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.

На 08.05.2023 во 02.31 часот во Полициската станица Гази Баба било пријавено дека околу 02.20 часот во казино во с.Трубарево, скопско, две лица со закана со пиштол од вработените го одзеле дневниот промет, при што еден од нив испукал еден проектил во таванот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 07.05.2023 во 17.30 часот, С.П.(19) од Кичево во полициска станица пријавила дека на улицата „Маршал Тито“ во Кичево била касната од куче скитник. Истиот ден, 17-годишна малолетничка од Кичево пријавила дека на улицата „1 Мај“ во Кичево била касната од куче скитник. 

Фото: МИА архива

Остани поврзан