МВР Билтен (ДПЛ)
- На 13.02.2025 во 16.20 часот во Радовиш, полициски службеници од ОВР Радовиш го лишиле од слобода С.С.(40) од Радовиш.
![МВР Билтен (ДПЛ)](https://mia.mk/images/20250214160544_big_730x400_51.webp )
Скопје, 14 февруари 2025 (МИА) - На 13.02.2025 во 16.20 часот во Радовиш, полициски службеници од ОВР Радовиш го лишиле од слобода С.С.(40) од Радовиш. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 14.02.2025 во 02.00 часот во с.Дражево, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода М.М.(47) од с.Дражево, постапувајќи по претходна пријава дека на 13.02.2025 околу 18.30 часот во угостителски објект во с.Ново Село, струмичко, со остар предмет го нападнал Д.Ѓ.(57) од с.Ново Коњарево, струмичко, и му нанел повреда. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 13.02.2025 во 17.20 часот во СВР Струмица, од Медицински центар Струмица било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен Б.Д.(63) од Кратово. Според пријавеното, тој се здобил со повредите околу 15.30 часот при извршување градежни работи на објект на бул.„Гоце Делчев“ во Струмица. Увид на местото извршиле увидна екипа на СВР Струмица и трудов инспектор.
На 13.02.2025 во 13.00 часот во СВР Скопје, М.С.(46) од Скопје пријавила дека на работното место во објект во трговски центар на подрачјето на Центар, по претходно недоразбирање, била физички нападната од едно женско лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 13.02.2025 во 22.10 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, Ф.Ј.(45) од Скопје, во својство на згрижувач, пријавила дека од семејниот дом се оддалечила нејзината штитеничка А.М.(14), која и претходно се оддалечувала и била враќана. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
На 13.02.2025 во 21.00 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, Р.Н.(58) од Скопје, во својство на згрижувач, пријавил дека од семејниот дом се оддалечил неговиот штитеник Н.С.(13), кој имал здравствени проблеми. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Р.Т.(34) од с.Камењане, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“. На 25.12.2024 во неговиот дом, поради нерасчистени должничко- доверителски односи, пријавениот физички ги нападнал А.Б и А.Б..
СВР Штип поднесе кривична пријава против А.К.(30) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“ и против Г.К.(35) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „поттикнување” во врска со кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“. Првопријавената, поттикната од второпријавениот, во декември 2024, откако обезбедила дебитната картичка од едно лице, во два наврати неовластено реализирала две трансакции од вкупно 60.000 денари.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ш.Б.(60) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“. На 06.02.2025 во Дебар, полициски службеници извршиле контрола на патничко возило „фoлксваген пасат“, управувано од пријавениот, при што било констатирано дека врши јавен превоз без поседување соодветна лиценца, издадена од надлежен орган.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против малолетничка од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 17.12.2024, пријавената физички нападнала вработена во Јавната установа – Меѓуопштински центар за социјални работи Тетово.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Р.М.(42) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 30.12.2024 во Гостивар, пријавениот физички нападнал полициски службеник кој преземал службени дејствија.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ф.С.(50) и Џ.С.(57), двајцата од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 30.11.2024 во парк во Куманово, пријавените физички го нападнале С.С. и му нанеле повреди.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против четири малолетници од Куманово и еден малолетник од с.Липково, општина Липково, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,насилство’’. На 02.12.2024 во Куманово, по претходна расправија, пријавените физички нападнале тројца други малолетници.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Т.К.(45) од Кратово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство”. На 19.01.2025 на плоштадот во Кратово, пријавениот физички го нападнал Љ.Т.(33) од Кратово и му го оштетил неговото патничко возило.
СВР Штип поднесе кривична пријава против С.П.(33) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност во обид“. Пријавениот, на едно лице од Штип му нудел пари за да го запали возилото на друго лице од Кочани.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.С.(54) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување на службено лице во вршење службено дејствие. На 25.12.2024 во Гостивар, пријавениот физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Д.Г.(26) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување на службено лице во вршење службено дејствие“. На 12.01.2025 во угостителски објект во с.Добридол, гостиварско, пријавената физички нападнала полициски службеник додека извршувал службени дејствија.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.О.(48) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста при семејно насилство“. На 05.01.2025 во семејниот дом, пријавениот упатил закана со метален предмет кон неговата сопруга.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против И.О.(18) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 06.12.2024 во Струга, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Д.Д.(43) од с.Ростуше, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 21.07.2024 во Маврово, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што бил пронајден и одземен кокаин.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.Н.(42) од Сирија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 11.02.2025 во Куманово, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.К.(30) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 07.06.2024 во Куманово, полициски службеници извршиле преглед на пријавениот, при што бил пронајден и одземен кокаин, додека на 16.06.2024 во с.Пелинце, општина Старо Нагоричане, при преглед на објект, сопственост на јавно претпријатие, бил пронајден и одземен амфетамин, а затекнати биле пријавениот со уште едно лице.
СВР Битола поднесе кривична пријава против З.С.(43) и Е.Т.(36), двајцата од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги психотропни супстанци и прекурзори“. На 20.07.2023 во Битола, полициски службеници извршиле преглед над второпријавениот, при што биле пронајдени и одземени марихуана и амфетамин, кои ги набавил од првопријавениот.
СВР Битола поднесе кривична пријава против Т.К.(39) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги психотропни супстанци и прекурзори“ и против С.Н.(48) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 30.08.2023 во Битола, полициски службеници извршиле претрес во домот на второпријавениот, при што биле пронајдени и одземени метамфетамин, која го набавил од првопријавениот и куршуми калибар 7,62 мм.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.М.(49) од Молдавија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификувана исправа”. На 11.02.2025 на Граничен премин Деве Баир, на влез во државата, пријавениот на увид дал фалсификувана меѓународна зелена карта за товарното возило, кое го управувал.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ф.М.(34) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. На 16.01.2025 на магистралниот пат Кичево - Охрид, полициски службеници извршиле контрола на патничко возило „нисан“, управувано од пријавениот, при што било констатирано дека на возилото биле поставени регистарски ознаки од друго возило. вг/
Фото: МИА Архива