• недела, 22 декември 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 16 декември 2023 (МИА) - На 16.12.2023 во 03.30 часот пред угостителски објект на подрачје на Аеродром, полициски службеници го привеле Б.Т., на возраст од 46 години, од Скопје, затоа го нарушил јавниот ред и мир, со агресивно однесување кон присутните и кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.  

На 15.12.2023 во 20.00 часот во СВР Скопје, скопјанецот Р.Д. пријавил дека на таванот од неговата куќа, на подрачје на Шуто Оризари, пронашол рачен ракетен фрлач - Зоља РБР 64мм. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, а рачниот фрлач бил подигнат за натамошна постапка.

На 16.12.2023 во 02.17 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачје на Бутел, настанал пожар во паркирано комбе „мерцедес вито“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Е.Х., на возраст од 32 години, од Скопје. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема.

На 15.12.2023 во 22.15 часот во гостиварско село, полициски службеници од СВР Тетово - ОВР Гостивар го лишиле од слобода Ќ.С., на возраст од 61 година од селото, затоа што околу 16.20 часот во семејниот дом физички ја нападнал неговата сопруга. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 15.12.2023 година во 13.30 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Ј.С., на возраст од 59 години од Кавадарци, затоа што во семејниот дом физички ја нападнал неговата 57-годишна сопруга. За настанот бил известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 16.12.2023 во 00.45 часот, полициските службеници од ОВР Македонски Брод го лишиле од слобода Б.Г. затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија. Тој бил приведен во полициска станица и по документирање на настанот, ќе му биде поднесена соодветна пријава.

На 15.12.2023 околу 14.45 часот, полициски службеници од СВР Тетово ги привеле Н.Г., на возраст од 19 години и 18-годишната Л.Н., двајцата од Скопје, затоа што го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

На 15.12.2023 во ОВР Радовиш, од Здравствен дом Радовиш било пријавено дека кај нив со повреди била донесена Л.Т., на возраст од 21 година. Според пријавеното, таа се здобила со повредите околу 20.15 часот при извршување работни задачи во угостителски објект во Радовиш. Увид бил извршен и се работи на расчистување на случајот.

На 14.12.2023 во 22.30 часот во казино, полициски службеници од Полициската станица Центар го лишиле од слобода С.А., на возраст од 41 година од Скопје, поради сомнение дека околу 21.00 часот во казиното физички го нападнал Х.И., на возраст од 40 години од село Липково, негов колега од агенција за обезбедување. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 15.12.2023 во 16.05 часот во СВР Скопје, Н.А., на возраст од 33 години од Скопје, пријавила дека на работното место како обезбедување во финансиско друштво на подрачје на Центар, била физички нападната од Б.С. од Скопје. По документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 16.12.2023 во 04.20 часот во Полициската станица Неготино било пријавено дека во градот бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.С.(23), В.Д.(20) и И.Н., сите од Неготино, од една страна и Б.Ј.(20) од Росоман, од друга страна. По документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 15.12.2023 во 21.50 часот во СВР Скопје, Ј.М., на возраст од 46 години од Скопје, пријавил дека на подрачје на Аеродром бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 16.12.2023 во Полициското одделение Петровец, А.П.(33) од селото Ржаничино, скопско, пријавил дека околу 01.20 часот на работното место на бензинската пумпа во село Катланово, скопско, поради претходно нарушени меѓусебни односи, бил физички нападнат од Т.М.(28) од населба Илинден и Д.Т.(27) од село Марино, општина Илинден. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 15.12.2023 во 19.00 часот во СВР Тетово, Р.О.(34) од Тетово пријавила дека околу 12.00 часот на спортско игралиште во училиштен двор на основно училиште во Тетово, нејзината малолетна ќерка била физичка нападната од друг малолетник. Се работи на расчистување на случајот.

На 15.12.2023 во 15.55 часот во СВР Струмица било пријавено дека на бул.„Маршал Тито“ во Струмица, патничко возило „шевролет спарк“, сопственост на МВР, удрило во пешакот М.В.(53) од Струмица. Во незгодата со телесни повреди се здобил М.В., констатирани во болницата во Струмица. Увид на местото извршила екипа од СВР Струмица.

На 15.12.2023 е пријавено дека во 19.10 часот пред Управни служби во МТВ едно лице агресивно се однесувало и упатило закани кон полициски службеник, кој извршувал службени дејствија. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 15.12.2023 во 19.10 часот во СВР Скопје, Л.Ѓ.(61) од Скопје пријавила дека пред влезот на зградата на подрачје на Бутел едно лице физички ја нападнало и ѝ одзело чанта. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 16.12.2023 во 01.45 часот на подрачје на Центар, полициски службеници од Полициската станица Центар го лишиле од слобода И.М.(23) од Скопје поради сомнение дека извршил обљуба врз малолетничка. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

На 15.12.2023 година во 15.00 часот во Полициската станица Велес, Р.Р.(73) од Велес пријавил дека на улица „Благој Ѓорев“ во Велес бил каснат од куче скитник.

На 15.09.2023 во 15.45 часот во Полициската станица Кичево, К.П.(49) од Кичево пријавил дека на ул.„Гоце Делчев“ бил каснат од куче скитник. бд/бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан