• понеделник, 23 декември 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 8 август 2024 (МИА) - На 08.08.2024 во 09.15 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ја привеле Е.П.(43) од Куманово, која била барана по потерница врз основа на наредба од Основен суд Куманово за издржување на казна затвор за сторено кривично дело по член 236 став 1, во врска со член 22 од Кривичниот законик. Е.П. била спроведена во Казнено - поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.

МВР денеска соопшти дека ОВР Прилеп до Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе кривична пријава против  К.Г.(54) од с.Штавица, прилепско, поради постоење основи на сомнение за кривично дело „предизвикување општа опасност“  по член  288 од Кривичниот законик. Имено, пријавениот на 05.08.2024 околу 09.00 часот запалил сува трева во дворното место од неговата куќа, по што пожарот се проширил на соседните парцели. Г.К. бил затекнат од полициски службеници при гаснење на пожарот и во службен разговор го признал делото, по што бил приведен во полициска станица. Пожарот бил изгаснат од полициските службеници, а повредени лица нема.   

На 07.08.2024 во 17.00 часот во СВР Тетово, полномошник на правно лице од велешко пријавил дека бил измамен од сопственик на правно лице од Гостивар. Според пријавеното, пред четири месеци во Тетово се договориле со гостиварецот да му  продаде три товарни возила за цена од 70.000 евра. Како што е пријавено, откако се договориле тој му уплатил 30.000 евра и ги зел возилата, а останатиот износ требало да го плати во рок од 10 дена, но до пријавувањето не ја исплатил целата сума. Исто така, според пријавеното, тој побарал гостиварецот да му ги врати возилата и на неговата сметка му ги вратил парите, но гостиварецот одбивал да му ги врати возилата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 08.08.2024 во 03.30 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода В.Ј.(32) од Куманово. Тој се сомничи дека околу 03.00 во дворот од неговиот дом на улица „Народна револуција“ во Куманово, по претходна расправија и физичка пресметка, со остар предмет му нанел убодна рана на С.М.(35) од Куманово. С.М. бил пренесен во болницата во Куманово за укажување лекарска помош.. В.Ј. бил задржан во полициска станица и против него е поднесена кривична пријава по член 123 во врска со член 19 од КЗ.

На 07.08.2024 во СВР Скопје било пријавено дека околу 14.30 часот во Казнено – поправната установа Затвор Скопје, осудениците А.Ц.(23) и Ј.Ц.(25), двајцата од Скопје, биле физички нападнати од неколку други осуденици кои употребиле метални, дрвени и остри предмети. А.Ц. и Ј.Ц. се здобиле со тешки телесни повреди и биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 07.08.2024 во 21.50 часот во СВР Скопје, Н.К.(39) од Скопје пријавила дека околу 21.00 часот на фудбалско игралиште на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, по претходно недоразбирање, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од С.П. од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 07.08.2024 во 18.30 часот во СВР Скопје, Е.С.(31) од Република Турција пријавил дека околу 16.50 часот на кањон Матка, на подрачјето на општина Сарај, по претходна расправија, тој и Ј.М.(31) и А.К.(31), сите од Република Турција, биле физички нападнати од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 06.08.2024 во 18.00 часот во СВР Скопје, Ѕ.М.(57) од Скопје пријавил дека околу 11.00 часот на подрачјето на Чаир, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил физички нападнат од едно лице, кое употребило и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.   

На 07.08.2024 во 23.45 часот на бул.„Партизански одреди“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Д.К.(33) од Скопје поради сомнение дека околу 22.50 часот на подрачје на Карпош вознемирувал две малолетнички од Скопје. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 06.08.2024 во 16.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Побожје, општина Чучер – Сандево, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу З.П.(60) и В.П.(64) од една страна и В.Б.(37) од друга страна, сите од село Побожје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 07.08.2024 во 01.30 часот во СВР Скопје, 29-годишен маж од Скопје пријавил дека во семејниот дом на подрачјето на Гази Баба во Скопје, по претходна расправија, бил физички нападнат од неговата 28 – годишна сопруга од Скопје, која употребила и тврд предмет. По целосно расчистување на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 07.08.2024 во 22.00 часот во Полициската станица Берово, Г.Т. од Берово пријавил дека на спортско игралиште во Берово неговиот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 07.08.2024 во 10.35 часот во Полициската станица Драчево било пријавено дека на патот кон с.Рамни Габер и с.Вртекица, скопско, настанал пожар во штала со околу 1000 бали со сено, а била зафатена и сува трева околу шталата. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема.  

На 07.08.2024 во СВР Скопје, С.В.(1960) од с.Стајковци, скопско, пријавил дека околу 17.30 часот настанал пожар во близина на неговата фарма на место викано „Врба“, при што горело стрниште со сува трева, а биле зафатени и две фолии со градинарски производи и винова лоза. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема.   

На 07.08.2024 околу 06 часот полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица на Железничката станица Гевгелија пронашле повредено едно лице мигрант од Мароко, со повреди од струен удар, со кои се здобил на вагон на железничката станица. Се работи на расчистување на случајот.

На 07.08.2024 во 15.20 часот во Полициската станица Кавадарци, К.С.(64) од Кавадарци пријавил дека на ул.„Бел Камен“ во Кавадарци бил каснат од куче скитник.

На 08.08.2024 во 01.30 часот во СВР Велес, А.Б.(39) од Велес пријавила дека на ул.„Луј Пастер“ во Велес, нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.Д.(49) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 03.04.2024 во експозитура на банка во Скопје, пријавениот со остар предмет оштетил стакла од експозитурата.

СВР Штип поднесе кривична пријава против Т.П.(44) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 13.02.2024, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана, раствор на метадон и една дробилка.

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Д.П.(23) од Радовиш поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и А.Т.(22) од Радовиш поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба наркотични дроги“. На 26.04.2024, првопријавениот посредувал при продажба и купување на марихуана помеѓу второпријавениот и друго лице, додека второпријавениот со уште едно лице користеле марихуана во возило на лицето.  

СВР Струмица поднесе кривична пријава против Н.Б.(33) од Радовиш поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 01.12.2023, полициски службеници извршиле преглед над лице од Радовиш, при што била пронајдена и одземена марихуана која претходно ја купил од пријавениот. Подоцна, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.

СВР Велес поднесе кривична пријава против Ш.Д. (20) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дел „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 24.12.2023, полициски службеници извршиле претрес во домот и возилото на пријавениот и биле пронајдени и одземени марихуана и хашиш.

СВР Штип поднесе кривична пријава против Л.А.(31) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 23.10.2023, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени куршуми калибар 7,65мм.

СВР Штип поднесе кривична пријава против Ф.А.(20) и Ј.А.(74), двајцата од Виница, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“. На 20.12.2023, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавените, при што биле пронајдени и одземени повеќе пакувања со пиротехнички средства.  цр/

Фото: МИА архива

 

 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан