• недела, 29 септември 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 6 јули 2024 (МИА) - На 05.07.2024 во 09.10 часот во Полициската станица Свети Николе, од Итната медицинска помош Свети Николе било пријавено дека кај нив дошол И.А.(44) од Свети Николе кој, според пријавеното, се здобил со повреди при работа со трактор. Тој бил пренесен во Клиничката болница Штип, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Полициски службеници од ОВР Свети Николе излегле на местото на настанот.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ф.С.(22) од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“. На 14.08.2023 кај трговски центар на бул.„Партизански одреди“, при извршен преглед над пријавениот, била пронајдена марихуана.

На 05.07.2024 во 13.00 часот во СВР Скопје, М.П.(40) од Скопје пријавил дека околу 11.30 часот на подрачјето на Бит Пазар, по претходни недоразбирања, Е.К. му упатувал закани кон него и неговото семејство. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 05.07.2024 во 22.24 часот во СВР Скопје 41-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 19.20 часот, во домот на подрачјето на општина Аеродром, била физички нападната од нејзиниот сопруг Д.Б.(41). Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Денеска (06.07.2024) во 03.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 02.20 часот во кругот на Меѓународен аеродром Скопје, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу О.К.(39) од с. Петровец, скопско и Ш.Б.(54) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 05.07.2024 во 14.35 часот во ОВР Крушево било пријавено дека во 13.45 часот во Итна медицинска помош Крушево бил донесен германскиот државјанин Ф.Е., со повреди здобиени при летање со параглајдер. Тој бил пренесен во Градска болница во Прилеп, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Денеска (06.07.2024) во 07.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Шуто Оризари, по претходна вербална расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.Л.(37) и М.С.(46), двајцата од Скопје, во која бил употребен и тврд предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Ресен поднесе кривична пријава против Б.Т.(54) од Ресен, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и распрскувачки материи“. На 06.09.2023 полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени 33 патрони за ловечка пушка калибар 16 мм и ловечка пушка калибар 16 мм.

На 05.07.2024 во 10.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Гоце Делчев“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл сопственост на МВР, управуван од полициски службеник и товарно возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Ј., кој го напуштил местото на незгодата. Во незгодата полицискиот службеник се здобил со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

На 05.07.2024 во 13.30 часот во СВР Скопје, Ќ.Х.(88) од Скопје пријавил дека на 03.07.2024 околу 14.00 часот на подрачјето на Центар, во близина на банка, едно женско лице од џебот му одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 05.07.2024 во 22.00 часот во Полициската станица Свети Николе било пријавено дека околу 11.00 часот во Свети Николе, Г.Т.(46) бил физички нападнат од Р.П.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 05.07.2024 во 21.05 часот во ОВР Неготино било пријавено дека во дворот од семејната куќа на Ф.Д.(22) од Неготино, додека тој и В.Р.(24) од село Тимјаник, неготинско, сервисирале камионска гума, дошло до експлозија на гумата, при што двајцата се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Кавадарци. Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Неготино. 

Денеска (06.07.2024) во 08.30 часот во Полициската станица Бит Пазар, А.Р.(35) од Скопје пријавила дека од домот се оддалечил нејзиниот брат А.Р.(28). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

СВР Струмица поднесе кривична пријава против М.Д.(35) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“. На 05.11.2023 на место викано „Смоларска раскрсница“, кај пријавениот била пронајдена и одземена марихуана.бт/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан