• петок, 20 декември 2024

МВР: Безбедносниот систем на Министерството не е загрозен

МВР: Безбедносниот систем на Министерството не е загрозен
Скопје, 3 март 2022 (МИА) - Министерството за внатрешни работи вечерва ги негираше наводите изнесени од потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 дека наводно е загрозен безбедносниот систем на МВР, нагласувајќи дека станува збор за класична дезинформација без никаква основа. Николоски во „Само интервју“ изнесе тврдење дека наводно фирма во сопственост на синот на членот на претседателството на БиХ, Миодраг Додик, која е на црната листа на САД, добила тендер од МВР за набавка на 1500 компјутери. МВР во демантот нагласува дека има склучено договор за јавна набавка на персонални компјутери со најповолниот понудувач Друштво за производство, трговија и услуги Инфинити енерџи, ИТ Солушнс енд сервицес ДОО Скопје, по спроведената електронска аукција. - Договорот е склучен на 18.01.2022 и избраниот понудувач има рок на достава на стоките до 18.04.2022. При евалуација на избраниот понудувач е констатирано дека ги доставил сите барани документи согласно Законот за јавни набавки и истиот немал изречено забрана за учество по никој основ уреден во Законот за јавни набавки. Сите услови и спецификации кои се побарани  во јавната набавка се исполнети и не постои никаква можност за злоупотреба, се наведува во соопштението на МВР. сп/

Остани поврзан