• недела, 22 декември 2024

МВР билтен

МВР билтен
Скопје, 18 август 2022 (МИА) - Полициски службеници на СВР Тетово - Одделение за внатрешни работи Гостивар вчера околу 15:15 часот, на улица „Гоце Делчев“ во Гостивар, ги лишиле од слобода К.С.(52) и М.А.(60) од Гостивар, затоа што при преглед кај К.С. биле пронајдени 34 пакувања хероин. Двајцата се задржани во Полициската станица Гостивар и по целосно документирање на случајот ќе следуваат поднесоци за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. Полициски службеници од Полициското одделение Новаци вчера во 17:50 часот го лишиле од слобода Ѓ.М.(33) од Битола. Тој се сомничи дека извршил кривично дело кражба, пријавено непосредно пред тоа од страна на П.Н., вработен како обезбедување во РЕК Битола. Лицето е приведено во полициска станица и против него ќе биде поднесена соодветна пријава, а украдените предмети се вратени на сопственикот. Полициски службеници од Полициската станица Центар утринава во 02:15 часот на подрачјето на Центар го лишиле од слобода В.Н.(28) од Скопје, затоа тоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. Полициски службеници на СВР Тетово вчера во 11:00 часот го лишиле од слобода 41-годишниот И.С. од тетовско Селце-Кеч, кој два часа претходно од штала во тетовската населба Вонвардарска, сопственост на 48-годишниот А.С. од тетовска Мала Речица, поради претходни нерасчистени должничко-доверитeлски односи, противправно одзел повеќе грла добиток. Одземениот добиток е пронајдeн и вратен му е на сопственикот, а по документирање на случајот на И.С. ќе му биде изготвен соодветен поднесок. Полициски службеници од Полициска станица Гази Баба вчера во 17:30 часот на подрачје на Гази Баба од слобода го лишиле З.С.(50) од село Трубарево, скопско. Тој се барал по судска наредба од Основен кривичен суд Скопје за издржување на изречена мерка притвор, во врска со истрага поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“, казниво по чл.237 ст.4 од Кривичниот законик. Лицето ќе биде спроведено во казнено-поправна установа за издржување на мерката притвор. На улицата „11 Октомври“ во Прилеп утринава во 4:00 часот од полициски службеници е лишен од слобода Е.Ќ.(36) од Прилеп. Тој бил затекнат при извршување на кривично дело „кражба“ од патничко возило, со прилепски регистарски ознаки. Е.Ќ. бил приведен во полициска станица и по комплетно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. Полициски службеници на ОВР Кичево вчера во 17:00 часот ја лишиле од слобода А.М.(30) од кичевското село Лисичани. При преглед извршен на улицата „11 Септември“ во Кичево, полициските службеници кај неа пронајдоа и одзедоа пакување со кокаин. Против неа ќе биде поднесена соодветна пријава. Во присуство на нивните родители, во Полициската станица Тетово вчера околу 22:20 часот биле повикани двајца малолетници, едниот од Тетово и другиот од тетовско Лисец, кои половина час пред тоа на Градскиот плоштад во Тетово меѓусебно се расправале и го нарушиле јавниот ред и мир. Притоа, кај малолетникот од Лисец биле пронајдени и одземени нож и метален боксирач. Се расчистува и документира случајот. На подрачјето на СВР Штип вчера била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 30 прекршоци, од кои 16 во населено место и 14 надвор од населено место. На сите возачи им биле изречени соодветни санкции. Санкционирани биле и 9 други видови на прекршоци, од кои 1 за нерегистрирано возило, 2 за управување возило без возачка дозвола, 2 за управување возило под дејство на алкохол, 1 за непрописно престигнување, 1  за некористење сигурносен појас и 2 за непрописно паркирање. Вчера во 19:15 часот пријавено е дека на магистралниот пат Штип – Делчево, кај место викано „Чифлички бунари“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „јамаха“, со бугарска национална ознака, управуван од С.Х.(50) од Кочани и патничко возило „опел вектра“, со кочански регистарски ознаки, управувано од С.С.(67) од Кочани. По несреќата возачот на мотоциклот бил пренесен во болницата во Кочани за укажување на лекарска помош, каде им подлегнал на повредите. Увид на местото на несреќата извршиле Јавен обвинител и увидна екипа на  ОВР Кочани. Ноќеска во 00:40 часот, во СВР Тетово е пријавено дека во кругот на гостиварска фабрика на излезот од Гостивар, патничко возило „бмв“, со тетовски рeгистарски ознаки, управувано од малолетничка од гостиварска Долна Бањица, удрило во паркирано возило виљушкар. Во несреќата, совозачот А.М.(18) се здобил со тешки телесни повреди, а малолетна сопатничка со телесни повреди, констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“, каде биле пренесени за укажување на лекарска помош. Увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар. А.Л.Н.(48) од Скопје вчера во 8:30 часот во Полициската станица Центар пријавила дека на кеј „13 Ноември“ била касната од куче скитник. Во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот,  на територија на град Скопје вчера се изречени вкупно 167 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 53 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, 14 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли. Изречени се седум мерки за користење мобилен телефон, девет санкции за непрописно престигнување и обиколување... Вчера во 08:00 часот било пријавено дека на улицата „Георги Димитров“ во Скопје, Н.М.(38) од Скопје, додека управувал електричен тротинет, паднал на коловозот. Во несреќата тој се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје. Д.Ј.(29) од Скопје вчера во 22:20 во Полициската станица Карпош пријавила дека на кеј на реката Вардар била касната од куче скитник. Вчера во 16:10 часот било пријавено дека во Скопје на автобуска постојка на ул.„Димитрие Чуповски“, автобус „јутонг“, со скопски регистарски ознаки, управуван од В.Б.(52) од Скопје удрил во пешакот Р.С.(70) од Скопје. Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје. С.Д.(32) од Скопје вчера во 14:00 часот во Полициската станица Аеродром пријавил дека на бул.„Јане Сандански“ бил каснат од куче скитник. вј/              

Остани поврзан